Контактирај директно
Одговорите на анонимните обраќања можете да ги пронајдете тука.
Членовите кои оставиле контакт email или телефон во директните обраќања, одговорите ќе ги добијат преку истите.
Доколку сакате да пристапите во Синдикатот на УПОЗ, можете да ја добиете пристапницата тука.
Пристапницата, одпечатена и пополнета испратете ја на:
Синдикат на УПОЗ
12 Ударна бригада 2А
Скопје
![]() |
ДОГОВОРЕНИ АКТИВНОСТИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ ОД РЕГИОНОТ Братислава 02.04.2012 Од 2 до 5 април 2012 година во Братислава-Словачка се одржа состанок на синдикатите од Централна Европа и Западен Балкан, членки на ЕПСУ (Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор). |
|
На состанокот од Синдикатот на УПОЗ присуствуваше претседателот Пецо Грујовски како и претседателите на Синдикатот на СУТКОЗ, Синдикатот на одбраната и безбедноста и Синдикатот на ССЕСМ. |
|
|
|
ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ЕКСПЕРТОТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА АНГАЖИРАН ОД МИОА Скопје 30.03.2012 Во просториите на Синдикатот на УПОЗ, претседателот Пецо Грујовски оствари средба со Tullio Morganti, експерт за администрација ангажиран од Министерството за информатичко општество како советник при изработката на единиствениот Закон за администрација за Република Македонија. |
|
На средбата освен Претседателот на Синдикатот на УПОЗ присуствуваа и Генералниот секретар, Милан Живковиќ и правниот советник од Сојузот на синдикатите на Македонија, Лиле Петрова. |
|
СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ИМ ГО ЧЕСТИТА ДЕНОТ НА ПРАВОСУДСТВОТО (31-ви МАРТ) НА ЧЛЕНОВИТЕ-ВРАБОТЕНИ ВО ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ

Скопје 31.03.2012
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ИСПРАТИ ЧЕСТИТКИ ДО ЧЛЕНОВИТЕ-ВРАБОТЕНИ ВО ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ
Скопје, 30.03.2012
По повод Денот на правосудството (31март), Синдикатот на УПОЗ на своите членови-вработени во правосудните органи, им го честита празникот со желба за успех и напредок во работата.
Во честитките упатени до членовите, претседателите на синдикалните организации и претседателите на судовите, Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Пецо Грујовски упати порака дека само заеднички во наредниот период ќе успееме да ги унапредиме условите на работа и правата од работен однос што ќе води кон потпишување на Колективниот договор во правосудните органи.
Page 1 of 12