images/stories/slide/1.jpg
images/stories/slide/2.jpg
images/stories/slide/3.jpg

Контактирај директно



Форум за контакт

Одговорите на анонимните обраќања можете да ги пронајдете тука

Членовите кои оставиле контакт email или телефон во директните обраќања, одговорите ќе ги добијат преку истите.

Пристапница

Доколку сакате да пристапите во Синдикатот на УПОЗ,можете да ја добиете пристапницата тука.

Пристапницата, одпечатена и пополнета доставете ја до претседателот на синдикланата организација.

Архива

Прирачник за КД

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И МИОА ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКА НА ГРАНСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

07.03.2018 година

Министерот за инфоратичко општество и администрација Дамјан Манчевски, по покана на Синдикатот на УПОЗ присустуваше на 12-тата седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, каде ги претстави активностите на МИОА во делот на реформата во јавната администрација. 

Министерот во соработака со Синдикатот на УПОЗ, најави формирање на работна група за изготвување на грански колективен договор за вработените во органите на државната управа. 

"На овој начин се оди чекор напред во заштита на правата на овие вработени. Со гранските колективни договори подетално и појасно ќе се уредуваат правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос. Целта е работниците да се вклучат директно во работниот процес со цел да се зголеми свеста за нивните права, но и продуктивност. Тоа значи дека вработените ќе имаат целосни и јасни информации за сите процеси што произлегуваат од нивниот работен ангажман, правилата за користење на одмор, слободни денови, обврска на работодавчот да обезбеди стручно оспособување и соодветни обуки итн", истакна министерот Манчевски. 

Read more...

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО СТЕПЕНОТ НА КАРИЕРА

19.02.2018 година

Како резултат на работата на Синдикатот на УПОЗ во изминатиот период, на Педесет и третата седница на Владата на Р. Македонија одржана на 06.02.2018 година, донесена е информација во врска со степенот на кариера на државните службеници со неколку заклучоци.

Согласно овој извадок, се задолжуваат сите институции да изготват преглед на парични обврски кои произлегуваат по поведени судски постапки за степен на кариера и се препорачува на институциите овие постапки да се завршат со Спогодба и да не се прават дополнителни трошоци во постапките.

Во прилог на извадокот е приложена Спогодба која по наши сознанија веќе е почната да се дели на вработените во бланко форма и без вработените да бидат известени кој степен на кариера им следува.

Read more...

   

ПОСТИГНАТA ЗАЕДНИЧКА СОГЛАСНОСТ ЗА НЕКОИ ПРАШАЊА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА

16.02.2018 година

На средбата со Јавниот обвинител се разговараше за продолжување на исплатата на додатоците на плата на јавнообвинителските службеници, исплата на степенот на кариера, потпишување на Колективен договор и други прашања од интерес на јавнообвинителските службеници.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ Пецо Грујовски, заедно со Генералниот секретар Трпе Деаноски, претседателот на синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева и членот на Извршниот одбор на синдикалната организација Мартин Антевски остварија работна средба со Јавниот обвинител на Р. Македонија Љубомир Јовески и Генералниот секретар во јавно обвинителство Митко Митревски.

На оваа средба која се оствари по долгогодишно игнорирање на Синдикатот на УПОЗ од страна на поранешниот јавен обвинител се разговараше за: продолжување на исплатата на додатоците на плата на јавнообвинителските службеници, исплата на степенот на кариера, потпишување на Колективен договор, потребата од зголемување на бројот на јавнообвинителските службеници и измена на Законот за јавнообвинителската служба.

Read more...

   

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ СЕ ОГРАДУВА ОД СТАВОТ НА ССМ ВО ВРСКА СО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА ГОДИНА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

12.02.2018 година

Во врска со соопштението на Сојузот на синдикати на Македонија за продолжување на старосната граница за пензионирање, Синдикатот на УПОЗ се оградува од ставовите изнесени во него и смета дека истите не ги изразува ставовите на Синдикатот на УПОЗ во погледот на ова прашање.

Во врска со било каква измена и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување не е расправано на Претседателството или Советот и изненадени сме од начинот на кој е издадено соопштението.

Синдикатот на УПОЗ смета дека за вакво значајно прашање од интерес на работниците потребно е широка расправа во синдикатите и Сојузот со цел да се изгради заеднички став.

   

Page 1 of 70

ПОДРЖУВАЧ НА СИНДИКАТОТ

     

Корисни линкови

Билтен