• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

ПОДДРШКА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕВРОПСКИ СИНДИКАТИ

14.04.2021 година

По доставениот извештај од Синдикатот на УПОЗ до Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ) за работата на Синдикатот во 2020 година, ЕПСУ и неколку европски синдикати, се обратија до Владата на РСМ со барање доследно да се почитуваат сите одредби од потпишаниот Грански колективен договор за вработените во државната администрација меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата на РСМ.

Најголемите европски синдкати како и синдикатите од нашиор регион, кои членуваат во ЕПСУ, писмено се обратија до Владата на РСМ со цел да им укажат дека одредбите од Колективниот договор и колективните догвори на ниво на работодавач, мора во целост да се почитуваат. ЕПСУ по добивањето на извештајот за работата на Синдикатот на УПОЗ, наведе дека после 25 години конечно беше потпишуван Грански колективен договор за вработените во државната администација. Со тој колективен договор, се унапредија и вратија голем број на права кои низ годините им беа ускратени на вработените во државната администрација, но и покрај надежите дека со потпишувањето ќе почне доследна примена на колективните договори, се соочивме со непочитување на веќе потпишаното и нерализирање на одредби колективниот договор.

Повеќе...

СЕЛЕКТИВНА И ПРИВЕЛЕГИРАНА ВАКЦИНАЦИЈА

13.04.2021 година

Синдикатот на УПОЗ остро реагира на вчерашната вакцинација во правосудството и прашува дали животот на судиите и обвинителите вреди повеќе од животот на судските и јавнообвинителските службеници.

Поради тоа Синдикатот на УПОЗ денес се обрати до Владата и Министерството за здравство кое ви го пренесуваме целост.

"Согласно барањата на Синдикатот на УПОЗ и Националниот план за вакцинација, вработените во правсудството (судовите и обвинителствата), спаѓаа во приоритетната категорија за вакцинирање со вакцини притив вирусот ковид -19. Како синдикат го поздравивме ваквиот пристап и се надевавме дека вакцинирањето на вработените во правосудството ќе се заврши навремено бидејќи овие вработени работат со странки и директно се изложени на ризик од зараза со вирусот.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛШКИ РАБОТИ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

09.04.2021 година

rsz_УХМР.jpg

Потпишување на Колективен договор и продолжување на социјалниот дијалог и партнерство беа темите за разговор на денешната средба на претставниците на Синдикатот на УПОЗ и директорот на Управата за хидрометеооролошки работи (УХМР).

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски, Претседателот на Синдикалната организација при (УХМР) Радмила Бојковска, одржаа работна средба со Директорот на (УХМР).

Повеќе...

СРЕДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ

09.04.2021 година

NIK_2863-01.jpeg

Наоѓање конечно решение за исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, проблемите со исплата на плата под минималната за вработените во администрацијата и  донесување на рамковниот закон за платите на вработените во јавниот сектор беа дел од прашањата за кои разговаравме на средбата со Министерката Јагода Шахпаска.

На барање на Синдикатот на УПОЗ,  Претседателот на Синдикатот Пецо Грујовски, и Генералниот секретар Трпе Деаноски на 09.04.2021 година, одржаа работна средба со Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Повеќе...

БАРАЊЕ ЗА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТАТА НА СУДСКАТА ПОЛИЦИЈА

06.04.2021 година 

Судскиот буџетски совет и судовите продолжуваат со старата пракса за непочитување на законите и подзаконските за пресметка на платите и додатоците на плата за судската полиција.

Иако самиот назив на Правилникот за зголемување на платата до 20% на припадниците на судската полиција за секој суд посебно е повеќе од јасен, предвиденото зголемување не е пресметано на основната плата туку исплатено како додаток на плата.

Повеќе...