• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

27.01.2020 година

rsz 20200123 121121

Од 23.01 до 25.01.2020 година, во Велес се одржа работилница насловена “МОЕТО ПРАВО НА ИНФОРМИРАНОСТ”, која беше организирана од страна на Синдикатот на УПОЗ и Синдикалниот центар за едукација и обуки а поддржани од Советот на Европа и Европската младинска федерација.

На оваа работилница учество зедоа 24 учесници на Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ од повеќе синдикални организации, со што уште еднаш се покажа дека голема е потребата од организирање на вакви работилници.

 

Првиот работен ден, учесниците во првата работна сесија беа запознаени од проектниот тим кој го презентираше целокупната активност на оваа работилница. По ова учесниците меѓусебно се запознаа и од страна на експертите беа запознаени за човековите права и влијанието на правото низ призма на Советот на Европа како донатор.

Во вториот работен ден, на почетокот учесниците беа запознаени со концептот на човековите права низ игра, по што дел учесниците беа поделени во работни групи и дискутира за тоа со кои човекови права тие се запознаени. Во вториот дел, главен збор имаше Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски кој ги запозна учесниците со најчестиот облик на повреда на работничките права - Мобинг , како и за заштитните механизми по што се разви дискусија.

Оваа тема беше доста интересна за сите учесници кои со внимание учествуваа во работата а во последниот ден беа презентирани натамошните активности на Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ како и на СЦЕО.

Можеме да констатираме дека имавме успешна работилница и дека во наредниот период треба вакви работилници да бидат организирани што почесто.