ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ

На 31.03.2022 година, во Скопје, се потпиша Колективниот договор за вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Со потпишувањето на овој Колективен договор се утврдија и дополнително се унапредија правата од работен однос за вработените во фондот. Колективниот договор беше потпишан од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Фонд за ПИОМ, Милинко Влаховиќ од едната страна и В.Д. Директорот на Фонд за ПИОМ, Дритан Беџети, од другата страна.

Овој Колективен договор е потпишан на добра волја на двете страни и со истиот се уредени критериумите за утврдување на годишен одмор, платени и неплатени одсуства, плата, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, јубилејни награди, правото на синдикално организирање и дејствување итн.

Претседателот Трпе Деаноски, изрази особено задоволство во однос на потпишувањето на Колективниот договор со желба за понатамошна соработка и дијалог во насока на унапредување на правата на вработените во Фондот за ПИОМ.

Epsu

Видеа

More Videos
Watch the video