Критериуми за определување на износ на позајмица

Покрај пополнетото МИСЛЕЊЕ и БАРАЊЕ (во зависност од видот на помошта), потребни ви се следните документи за остварување на право од Солидарниот фонд:

1. Парична помош за подолготрајно боледување

  • Обрасци ИСР - Извештај за привремена спреченост за работа во континуитет не помалку од 41 ден, или Мислење од Комисијата за продолжување на боледувањето.

2. Парична помош за лекување
2.1 Лекување во Македонија

  • конзилијарно мислење, отпусно писмо, специјалистички извештај со хистопатолошки наод;

2.2 Лекување во странство

  • Решение од ФЗОМ за лекување во странство;
  • пресметка за вкупните трошоци за време на престојот кои не се покриени со решение на Фондот и кои ќе бидат поткрепени со оргиниал сметки за направените трошоци за сместување и/или исхрана.

3. Парична помош за лекување и медицински помагала

  • конзилијарно мислење;
  • отпусно писмо;
  • специјалистички извештај со хистопатолошки наод;
  • фактура/фискална сметка од државата или странство.

4. Загрозена материјална состојба

  • Потврда за примена плата на барателот за последниот месец;
  • Потврда од Агенцијата за вработување за невработени членови на потесното семејство;
  • Уверение за материјална состојба од Управата за јавни приходи на членовите на неговото потесно семејство;
  • Потврда за редовен упис за учебната година за членови на потесно семејство - ученици или студенти;
  • Извод од матичната книга на родени за деца помали од седум години.

5. Парична помош за новороденче

  • Извод од матична книга на родени.

6. Парична помош за прваче

  • Извод од матична книга на родените;
  • Потврда од училиштето за запишување во прво одделение.

7. Парична помош за потешки последици од елементарни непогоди

  • Официјална потврда од надлежен орган за претрпена штета;
  • Доказ за сопственост на живеалиштето - имотен лист.

8. Парична помош за смрт на член на Фондот

  • Фотокопија од изводот на матичната книга на умрените;

a) смрт на член на неговото потесно семејство

  • Фотокопија од изводот на матичната книга на умрените;
  • Фотокопија од лична карта;
  • Фотокопија од извод на матичната книга на родените на Барателот не постар од шест месеци (кога барателот е член на потесно семејство).

9. Парична помош за заминување во пензија

10. Парична помош за време на штрајк

  • По Одлука на Претседателството за овој вид на помош барање доставуваат синдикалните оганизации.

11. Парична помош во случај на отказ или претрпени финансиски последици поради синдикални активности

  • Решение за престанок на работен однос или Решение за изрекување дисциплинска мерка.

12. Парична позајмица

12.1 За лекување

  • потврда од установата во која се лекува и дијагноза за болеста од која се лекува

12.2 За школување

  • потврда за упис во тековната година и износ на школарината.

12.3 За елементарни непогоди

  • Официјална потврда од надлежен орган за претрпена штета;
  • Доказ за сопственост на имотот - имотен лист.

12.4 За било кои други случаи кои не се назначени во Правилникот - докуманти со кој ќе се оправда позајмицата која се бара.

ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА
Членовите на Синдикатот барањето (образец УПОЗ 1 или образец УПОЗ 3) за користење на некое право согласно Правилникот го поднесуваат до Синдикалната организација.

Претседателот на Синдикалната организација, по претходна проверка на потребната документација заедно со мислењето (образец УПОЗ 2) го доставува до Комисијата на Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ (Адреса: 12 Ударна Бригада б.б., зграда на Работнички дом, Скопје).

НАПОМЕНА:

  • Комисијата нема да ги разгледува:
  • некомплетно поднесените барања
  • барањата доставени вон утврдениот рок
  • барањата на барателите кои не уплатуваат во Солидарниот фонд;
  • директно упатените барања до Комисијата