• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

УНАПРЕДЕНИ ПРАВАТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР

03.03.2021 година

IMG-8d4b5bd922d06985e6bbf39775d04586-V.jpg

На ден 26.02.2021 година, во просториите на Општина Гостивар, беше потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Гостивар. Овој колективен договор беше потпишан од страна на Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари од едната страна и Претседателот Пецо Грујовски и претседателот на синдикалната организација при Општина Гостивар Имер Мемеди.

Повеќе...

ПРОДОЛЖЕН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

03.03.2021 година

20210303_095509.jpg

На 26.02.2021 година, во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство беше потпишан Колективниот договор за вработените во Државниот инспекторат за земјоделство со кој е продолжен рокот на неговата важност за уште две години. Со овие активности, Синдикатот на УПОЗ уште еднаш докажува дека продолжува со трендот на унапредување на правата на вработените од работен однос.

Овој Колективен договор беше потпиша од Директорот на Дражвниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Васко Арсов.

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ПОДНЕСЕ ПРЕСТАВКА ДО ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД

25.02.2021 година

Денес, 25.02.2021 година, Синдкатот на УПОЗ поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд, во врска со не исплатата на регресот за годишен одмор за 2020 година, согласно член 21 од Гранскиот колективен договор за вработените во органите на државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација на 06.02.2020 година, го склучија Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, Општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Овој колективен договор беше објавен во Службен весник на РСМ под број 51 од 25.02.2020 година, а во членот 49 од колективниот договор е наведено дека: Овој колективен договор влегува на сила со денот на склучување, а ќе се применува од денот на неговото објавување во Службен весник на Република Северна Македонија”.

Повеќе...

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

25.02.2021 година

153488653_471817987343414_3744499160196223730_n.jpg

Вчера, 24.01.2021 година, по неколку месечни преговори, Синдикатот на УПОЗ и Општина Гевгелија, претставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација Драгица Јованова и Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков го потпишаа Колективниот договор со кој се регулираат и унапредуваат правата на вработените во Општина Гевгелија.

Главна цел при оваа активност беше унапредување на правата од работен однос, но и мотивацијата на вработените во општината. Со овој договор, кој за прв пат се потпшува во Општина Гевгелија се регулираат правата и обврските на вработените.  

Повеќе...

НАДМИНАТИ ПРОБЛЕМИТЕ И НЕДОРАЗБИРАЊАТА

22.02.2021 година

20210222_143212.jpg

На 19.02.2021 година Синдикатот на УПОЗ ја одржа втората работна средба во Фондот за здравствено осигурување на која се разговараше за неколку отворени прашања во врска со примената на Колективниот договор  како и околу распоредот и ангажирањето на вработените во услови на криза предизвикана од вирусот Ковид 19.

На првата средба одржана на 27.01.2021 година со директорите на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски и Фатон Амети се разговараше во врска со проблемите кои настанаа околу остварувањето на правата на вработените од колективниот договор. На состанокот беше речено дека Фондот ќе ги почитува сите одредби од потпишаниот колективен договор и дека јубилејните награди кои им следуваат на вработените согласно стариот колективен договор се веќе реализирани.

Повеќе...