ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
12.02.2021 година
Како репрезентативен Синдикат, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес 12.02.2021 година по три години преговарање, се потпиша Колективниот договор за вработените во министерството. Со овој колективен договор се унапредени и правата на вработените во шумската полиција, кои низ годините наназад своите права ги остваруваа по судски пат а со тоа се оштетуваше буџетот на министерството.
Синдикатот на УПОЗ и синдикалната организација при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство претставувани од Претседателот Пецо Грујовски и претседателот на синдикалнта организција Александар Диље од една страна и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, денес го потпишаа Колективниот договор за вработените во МЗШВ.