• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ Е ПРОТИВ МЕРКАТА ЗА ИСПЛАТА НА МИНИМАЛНА ПЛАТА

23.03.2020 година

Денес Синдикатот на УПОЗ писмено се обрати до Владата на РСМ и Министерството за информатичко општество и администрација кое ви го пренесуваме во целост. 

"Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија  (УПОЗ), како репрезентативен Синдикат  свесен за моментот во кој се наоѓа земјата и потребите од единство, солидарност, меѓусебно помагање и одговорност на сите граѓани, денес се обрати со барање до Владата на Р. С. Македонија во врска со предлогот изнесен од претседателот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) г- динот Зоран Заев.

Синдикатот на УПОЗ смета дека предложената мерка во делот на платите е дискриминаторска бидејќи јавната администрација и јавниот сектор се ставаат во понеповолна положба во однос на другите вработени. Предложената мерка за исплаќање на минимална плата за месеците април и мај за јавната администрација сметаме дека не е добро осмислена и таа остава само привид на некаква лажна солидарност. Доколку Владата го прифати овој предлог, значително ќе биде загрозена егзистенцијата на илјадници вработени во јавната администрација чии плати и онака се под просечната плата во државата.

Повеќе...

СИНДИКАТОТ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ

11.03.2020 година

Во глава III од Колективниот договор каде што се регулираат правата на плата, надоместоци на плата и други примања, предвидено е дека вработениот има право на нив согласно закон, општите прописи за работни односи, овој колективен договор и поединечните колективни договори. Но за Синдикатот значајна придобивка е тоа што синдикалниот претставник ќе учествува во процесот на подготвување на буџетот на работодавачот што досега не беше случај. Исто така во овој дел важно е тоа што платата на вработените кои вршат помошно - технички работи со полно работно време и нормален учинок, не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.

Повеќе...

ПОЗНАЧАЈНИ ПРИДОБИВКИ ОД ГРАНСКИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

02.03.2020 година

Синдикатот ќе има свој преставник при донесување на систематизацијата на работните места.

Во врска со потпишувањето на Гранскиот колективен договор, сакаме да ги информираме нашите членови, кои права ги добиваат со овој колективен договор. Во делот на општите одредби е договорено дека Синдикалните организации на Синдикатот на УПОЗ со свој претставник учествуваат во процесот на спроведување на вертикалната функционална анализа, изготвување на правилилници за внатрешна органиација и систематизација на работните места, како и на нивните измени и дополнувања.

Повеќе...

ЧЛЕНОВИТЕ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН СЕ ОБУЧУВАА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА

28.02.2020 година

rsz dsc 4689

На ден 27.02.2020 година во Струмица, 50-тина членови на Синдикатот на УПОЗ од Управата за јавни приходи, Државниот завод за статистика, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Општина Гевгелија и Општина Богданци,беа дел работилницата на тема „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”.

Ова е третата по ред работилница, која се организира од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД и беше наменета за работниците во јавниот сектор од Југоисточниот регион.

Повеќе...

КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР КОНЕЧНО ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК

26.02.2020 година

Скан ГКД

Ве информираме дека во Службен весник број 51 од 25.02.2020 година, конечно е објавен Гранскиот колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавнитеобвинителства, казнено - поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието.

Повеќе...