РЕАКЦИЈА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ПО ВЧЕРАШНАТА ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЗОРАН ЗАЕВ
27.07.2021 година
По повод вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев дека корупција има, но не во високите ешалони на власта, односно дека истата е детектирана само во делот на административното функционирање на јавните институции врз основа на според премиерот, системска анализа, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), како единствен репрезентативен синдикат во управата и правосудните органи, не може да ја премолчи и да се согласи со вчерашната изјава.
Синдикатот на УПОЗ смета дека оваа изјава е паушална и истата во континуитет преставува напад на државната администрација како единствен виновник за лошата перцепција на граѓаните дека таа е неработна а сега и корумпирана. Притоа се заборава дека тоа влијае врз целокупниот имиџ на Владата и државата.