• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

06.04.2021 година

Pance Kocovski mala

Прв претседател беше Пантелеј (Панче) Кочовски кој Најпрво бил претседател на Републичкиот одбор на Синдикатот на работниците од управата, правосудството и финансиските организации (чиј правен следбеник е Синдикатот на УПОЗ) од 27.02.1990 год. до 28.03.1991 год. Функцијата претседател ја извршувал волонтерски, а ја напуштил заради професионална презафатеност. Панче Кочовски бил вработен во Здружението за заштита на авторски и музички права на Република Македонија. 

Повеќе...

ЈУБИЛЕЈ 30 ГОДИНИ СИНДИКАТ НА УПОЗ

04.04.2021 година

На 05.04 пред 30 години, е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија.

Имено, паралелно со одвивањето на промените во синдикалното движење во државата, Синдикатот на УПОЗ започна процес на осовременување и следење на трендовите за изградба на силен и моќен синдикат во заштита на своето членство. Реформите ги започна со одржување на Првото Собрание (27.02.1990 год.), а на 5 април 1991 год. е основан Синдикатот на управа, правосудство, општествени организации и здруженија на граѓани на Македонија како правен следбеник на Републичкиот одбор на Синдикатот на работниците од управата, правосудството и финансиските организации.

Повеќе...

ПРОСЛАВАТА ЗА ЈУБИЛЕЈОТ ОДЛОЖЕНА

02.04.2021 година

На 05.04.2021 година, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија прославува 30 години од формирањето.

Заради здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид – 19, Синдикатот на УПОЗ не е во можност да организира прослава на овој значаен јубилеј. Во наредниот период кога ќе бидат создадени услови овој јубилеј ќе се обележи на соодветен начин и на истиот ќе бидат поканети членовите на органите и телата на Синдикатот пријатели и долгогодишни соработници на Синдикатот, гости од синдикатите од државата и странство со кои Синдикатот на УПОЗ соработувал, претставници на Владата и др.

На оваа свеченост ќе биде промовирана и монографијата во која се содржани сите позначајни моменти од формирање на Синдикатот до денес.

Повеќе...

ВРАБОТЕНИТЕ КОИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ОД КОВИД 19 ЌЕ ДОБИВААТ ПОЛН ИЗНОС НА НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА

17.03.2021 година

Во изминатиот период Синдикатот на УПОЗ неколку пати реагираше до Владата и Министерството за труд и социјална политика укажувајќи на фактот дека Владата како работодавач треба да се грижи за безбедноста и здравјето на вработените и да има во предвид дека задршката на плата на вработените кои се заразени од Ковид -19 или се во самоизолација ќе направи сериозен удар врз материјално – социјалната положба на вработените.

Повеќе...