СИНДИКАТОТ БАРА ИТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА
15.06.2021 година
По повод вчерашната заедничка Прес конференција на Министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Здружението на судии, Синдикатот на УПОЗ реагираше за селективниот однос и зголемување на платите само на една категорија вработени, заборавајќи дека рак – рана години наназад се ниските плати на судските и јавно обвинителските службеници, а заборавени се и платите на судската полиција и помошно – техничкиот персонал.
Денес Синдикатот на УПОЗ испрати реакција до Министерот за правда Бојан Маричиќ во кое му укажува на реакциите на дргуте вработени во судовите и јавните обвинителства. Писмото ви го пренесуваме интегрално:
После Вашата вчерашна, заедничка изјава, со претседателот на Здружението на судии, која се однесуваше на платите на судиите, а ќе била опфатена и администрацијата во судовите, по искажаниот револт од наши членови, одлучивме да Ви се обратиме со наша реакција.