На 19.09.2024 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 22-ра седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 207 неповратни барања во вкупен износ од 771.000,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања во изминатиот период, на ден 19.09.2024 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 22-ра седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени седум барања барања кои во вкупен изнесуваат од 48.000,00 денари. Четири барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 86.000,00 денари и едно барање за парична помош за загрозена материјална состојба во износ од 10.000,00 денари. Исто така, на оваа седница беа одобрени и три позајмици (школување и лекување) во износ од 75.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 23.08 до 18.09.2024 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 207 барања во вкупен износ од 771.000,00 денари и тоа:

• Парична помош за новороденче – 17 барања во износ од 51.000,00 денари;
• Парична помош за смрт на член на потесно семејство – четири барања во износ од 40.000,00 денари;
• Парична помош за пензионирање – осум барања во износ од 24.000,00 денари;
• Парична помош за смрт на член на Фондот – четири барања во вкупен износ од 80.000,00 денари;
• Парична помош за лекување – едно барање во вкупен износ од 30.000,00 денари;
• Парична помош за прваче – 177 барања во износ од 531.000,00 денари и
• Парична помош за загрозена материјална состојба – едно барање во вкупен износ од 15.000,00 денари.

Во периодот од 26. до 30. август во Романија, се одржа вториот тренинг од проектот BUPPS (Building Union Power in Public Services) организиран од страна на European Public Service Unions (EPSU) , на кој учествуваа Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски и стручниот соработник за организација и регрутирање на членство Љупка Апостоловска, како претставници на Синдикатот на УПОЗ.

По успешно спроведеното мапирање на синдикатите, работните места и секторите, овој тренинг се фокусираше на креирање и унапредување на стратегии за организирање и регрутирање на нови членови со цел зголемување на видливоста на Синдикатот и подобрување на неговата ефективност во застапувањето на интересите на работниците.

На тренингот се дискутираше и за успешните методи за развивање на интерни и екстерни комуникациски стратегии како клучен дел од пошироката стратегија за проширување на Синдикатот. Учесниците разменуваа искуства и примери на најдобрите практики и методи кои ќе придонесат во подобрување на комуникацијата и интеракцијата со членовите и со јавноста.

Тренингот опфати и интерактивни работилници и дискусии, кои помогнаа во размената на идеи и знаења помеѓу учесниците. Со ова, се постигна значителен напредок во развојот на стратегиите за синдикално организирање и комуникација, што ќе придонесе за зголемување на синдикалната моќ и влијанието во јавниот сектор.

Во наредниот период, Синдикатот на УПОЗ ќе се фокусира на практично спроведување на стратегијата за организација и регрутирање на нови членови. Овој практичен аспект на стратегијата ќе опфати мерки за привлекување на нови членови и промоција на Синдикатот со цел зајакнување на неговата позиција како важен претставник на интересите на вработените во државната управа, правосудните органи, локалните самоуправи и центрите за социјална работа.

Вработените во Македонската Академија за науки и уметности повторно го активираат штрајкот кој еднаш беше ставен во мирување.

За потсетување, штрајкот во МАНУ започна на 09.02.2023 година и траеше до 10.03.2023 година, по што се потпиша спогодба за ставање на штрајкот во мирување бидејќи работодавецот се согласи на сите барања на работниците и презеде обврска истите да ги исполни.

Бидејќи од потпишаната спогодба не е исполнето ништо штрајкот повторно се активира и ќе трае се до исполнување на барањето на вработените, а тоа е да се зголемат платите на вработените во МАНУ.

Мораме да апелираме нашето барање да го слушнат другите надлежни институции во државата, Собранието и Владата, бидејќи академиците наместо да седнат и да преговараат со синдикатот, истите од периодот кога беше најавено активирање на штрајкот најмија адвокатска канцеларија преку која се одвива целата комуникација со вработените и која има една и единствена задача, а тоа е да ги заплашува вработените и да го забрани одвивањето на штрајкот.

Исто така, дел од академиците и раководителите на организационите единици при МАНУ од кога беше најавено активирањето на штрајкот и на денот на неговото отпочнување им се закануваа на вработените дека доколку почнат со штрајк ќе бидат избркани од работа, а одредени раководители со пцости и навреди им се обраќаат на вработените што не доликува на титулата академик. Им порачуваме, дека секој еден кој што ќе врши притисок и ќе се заканува, ќе биде објавен со име и со презиме без разлика за кого станува збор и каква функција има во МАНУ.

Го посетаме раководството на МАНУ дека во спогодбата која ја потпиша со синдикатот, преземаа обврска дека до 31 декември 2023 година, ќе биде потпишан Колективен договор и да се направи измени и дополнувања во Законот за МАНУ со кои конечно ќе се реши проблемот со платите.

Од 31.12.2023 година, до денес поминаа девет месеци, вработените не добија ништо, освен закани, пцости и навреди.
Наместо да се реши проблемот се ангажираат адвокатски канцеларии, се бараат средства од буџетот на државата за се што треба и не треба само не да се реши проблемот со платите на вработените.

Вработените се спремни да издржат се до исполнување на барањето и покрај заканите од раководството.

Синдикатот на УПОЗ продолжува со исплатата на еднократната парича помош за прваче на своите членови.

Членовите на Синдикатот на УПОЗ преку Солидарен фонд, со понеднесување на целосна документација за остварување на неповратна парична помош за прваче, ќе им биде исплатен износ во висина од 3.000,00 денари.

Потребни документи за остварување на ова право кое се остварува преку претседателот на синдикалната организција се:

• Мислење (го полнува претседателот на синдикалната организација);
• Барање (го пополнува членот на Синдикатот);
• Потврда за упис во прво одделение и
• Копија од извод на родени за детето.

Правото на паричнаta помош за праваче со Одлука на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, членовите го остваруваат од 2014 година, а во период од 2014 година до 2023 година, се реализрани вкупно 1.740 барања во износ од 5.220.000,00 денари неповратна парична помош.

Сакаме на сите родители членови на Синдикатот на УПОЗ, да им го честитаме почетокот на основното образовнието на своите најмили но и да им го честитаме почетокот на новата учебна година и на останатите ученици.