• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

02.09.2019 година

69472719 10157517173918926 8790816148078723072 o

Младите едукатори од проектот „Права на работа, работа за права“на крајот на август одржаа работна средба на Златибор за да ги споделат впечатоците од работилниците што ги спроведоа во јуни - август 2019 година.

За време на работилниците, младите синдикалци од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Словачка и Хрватска на своите врсници им пренесоа знаења и вештини за работничките права и механизмите за заштита на правата, а кои ги стекнаа за време на обуките што се одржаа во Братислава во месец мај 2019 година.

 За време на средбата беа презентирани сите претходни активности од проектот, кој трае од декември 2018 година, а младите едукатори ги презентираа активностите кои ги спроведоа, а истовремено дадоа препораки и предлози за натамошните чекори кои проектниот тим ќе ги интегрира во заедничка брошура.

На средбата беше констатирано и ниското ниво на информираност на младите за нивните работнички права, како да ги користат истите и како да се заштитат и се истакна дека младите се особено заинтересирани да се запознаат со концептот на мобингот, сметајќи го за најголема закана за стабилно работно опкружување во денешно време. Благодарение на овие работилници, многу млади за прв пат научија кога имаат право на слободни денови, а некои од нив за прв пат навистина ја сфатија улогата на синдикатите во заштитата на работничките права.

Исто така, учесниците разговараа со членовите на конзорциумот за развој и имплементација на медиумска кампања планирана за септември, со цел пошироката јавност да се запознае со проектот „Права но работа, работа за права“ поддржан од Европската комисија преку програмата Еразмус + на Европската унија , КА2: градење на капацитетите полето на младите. Направен е избор на најважните пораки што младите едукатори сметаат дека се важни за понатамошно пренесување на нивните врсници, а пораките се поставени во видеа што ќе бидат промовирани на социјалните мрежи на партнерите во проектот, со цел да се понудат одговори на најчестите прашања и заблуди за правата на младите работници и нивното делување и здружување преку синдикатите или самостојно.

Консултантската средба ја водеа Александра Кнежевиќ, координатор на проектот и Никола Соврлиќ, претседател на Центарот за развој на млади.

Претставниците на присутните партнерски организации, исто така, ја искористија можноста да се одржи 4-тиот состанока на конзорциумот, ги договорија деталите за кампањата, како и првите чекори во врска со организацијата на завршната конференција на проектот.