ОДРЖАНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА СОЛИДАРЕН ФОНД
21.12.2022 година
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ
21.12.2022 година
На ден 20.12.2022 година, во просториите на Општина Сарај, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Сарај.
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО
15.12.2022 година
На ден 14.12.2022 година, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Чешиново Облешево.
Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Чешиново Облешево Драгица Горгиева од една страна и Градоначалникот на Општина Чешиново Облешево Далибор Ангелов од другата страна.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите како и други прашања во врска со работниот однос за вработените во Општина Чешиново Облешево и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на исплата на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди итн.
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ
13.12.2022 година
Во просториите на Општина Старо Нагоричане денес, 13.12.2022 година, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Старо Нагоричане, со кој се унапредија правата на вработентие од работен однос.
СИНДИКАТИТЕ СЕ "IN" - АНГАЖИРАЈ СЕ, ДЕЛУВАЈ, ИМАЈ ВЛИЈАНИЕ
06.12.2022 година
Младите членови на Синдикатот, не се само бројка за општата статистика во структурата на Синдикатите, тие се движечка сила која со своето делување може да влијае на потребите и приоритетите на младите во целокупното општество.
Младите сакаат нивните права од работен однос да се почитуваат, сакаат унапредувања во работната средина, можности за демонстрација на своите вештини и знаења, а Синдикатите се тука да им покажат дека во овој процес не се сами, но уште побитно, дека преку Синдикатите нивниот став може да се слушне погласно.