Средба со Министерот Тренческа за проблемите во Центрите за социјална работа

Усогласување на платите, исплата на регрес за годишен одмор, добивање на бенифициран стаж, беа дел од барањата на вработените од центрите за социјална работа на одржаната средба со со Министерот за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

На барање на Синдикатот на УПОЗ кое беше поденесено во месец март, конечно на ден 03.07.2023 година, Претседателот на Синдикатот Трпе Деаноски, и преставниците на на Синдикатот на УПОЗ од Центрите за социјална работа Габриела Јаневска Гиовска, Мирослава Илиевска, Сами Алија и Александра Анѓелковска одржаа работна средба со Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јованка Тренчевска.

Главно прашање на оваа средба беше услогласување на платите, износ кои оваа група на вработени не ја добија со порастот на минималната плата. Исто така, како едно од главните барања на преставниците на Синдикатот беше исплата на регресот за годишен одмор.

Од страна на Министерката Тренческа, преставниците на Синдикатот беа информирани дека со измена на Законот за социјална заштита, минималната плата ќе влезе како основна палта по што и оваа група на вработени ќе го добие усогласување на платите, а додека исплата на регресот за годишен одмор веќе е дискутирани и дека од оваа година и давателите на услуги од центрите за социјалан работа ќе го остварат правото на регрес за годишен одмор.

Претседателот Деаноски на крајот посочи дека ќе дадат рок до крајот на месец август за реализцаија на ветеното од оваа средба, а доколку тоа не се реализира, ќе се договри натамошното искажување на револтот на вработените во Центрите за социјална работа.  

Epsu

Видеа

More Videos
Watch the video