Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Крушево, со кој се унапредија правата на вработените во локалната самоуправа. 

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организцаија при Општина Крушево, преставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Шули Доага од една страна и Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски од другата страна, го потпишаа Колективнитот договор за вработените во Општина Крушево. 

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор во износ од најмалку 60%, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата за сите вработени итн. 

Во просториите на Синдикатот на УПОЗ денес, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Дебрца, со која се унапредија правата на вработените во локалната самоуправа. 

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Дебрца, преставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и престедателот на Синдикалната организација Сашо Силјаноски од една страна и Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески од другата страна, го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Дебрца. 

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор во износ од најмалку 60%, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн. 

Денес, во Основниот суд Кавадарци и Основниот суд Велес, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, одржа работна средба со членовите на Синдикатот на УПОЗ и ги запозна со тековните активности и преземените иницијативи, кои се однесуваат на оваа група на вработени. 

Присутните беа информирани за текот на работната група која работи на новиот предлог - текст на Законот за судска служба, исплата на додатоците на плата итн. 

На состанокот во Велес, учествуваа и членовите од Државното правобранителство и Јавните обвинителства.