ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО

На ден 14.12.2022 година, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Чешиново Облешево. 

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Чешиново Облешево Драгица Горгиева од една страна и Градоначалникот на Општина Чешиново Облешево Далибор Ангелов од другата страна. 

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите како и други прашања во врска со работниот однос за вработените во Општина Чешиново Облешево и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на исплата на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди итн.