Денес во просториите на Општина Македонска Каменица, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Македонска Каменица.
Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпиша Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски (по овластување на Претседателот на Синдикатот Трпе Деаноски) и претседателот на Синдикалната организација при Општина Македонска Каменица Миран Митревски од едната страна и Градоначалникот на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски од другата страна.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во Општина Македонска Каменица и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ за регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.