На барање на Синдикатот на УПОЗ, вчера во просториите на Фондот за здравствено осигурување се одржа работна средба со директорот на ФЗОМ, Златко Перински.
На средбата се разговараше за повеќе прашања кои ги засегаат членовите на Синдикатот на УПОЗ во ФЗОМ.
Од страна на директорот Перински беше истакнато дека тој е секогаш отворен за дијалог и преговори кога станува збор за почитување на правата на вработените.
Беше заклучено дека социјалниот дијалог ќе продолжи и понатаму со цел заеднички да се изнаоѓаат решенија кои се во интерес на вработените.