Во текот на септември 2026 година, преку Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ беа реализирани исплати по 192 барања поднесени од 80 синдикални организации.
Од овие 192 барања, 183 барања во вкупен износ од 762.800 денари се неповратна парична помош, додека 9 барања се одобрени за позајмици во вкупен износ од 208.000 денари.
Како и секој септември, најголемиот фокус и поддршка се насочени кон најмладите и семејствата на нашите членови чии деца оваа година се запишаа во прво одделение.