Конгрес
Претседател
Претседателот на Синдикатот го избира Конгресот.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ професионално ја извршува должноста и:
а) Го преставува и застапува Синдикатот;
б) Го застапува Синдикатот во правниот и финансискиот промет;
в) Подготвува Предлог - листа за состав на Претседателството на Синдикатот која се верифукува на конститутивната седница на Претседателството;
г) Ги свикува и раководи со седниците на Претседателството и Извршниот одбор;
д) Ја спроведува политиката и активностите на Синдикатот согласно Статутот и Програмските насоки на Конгресот;
ѓ) Се грижи и го обезбедува спроведувањето на Статутот, одлуките на Конгресот, како и другите органи на Синдикатот;
е) Ги координира активностите на органите и телата на Синдикатот;
ж) Заедно со претседателот на синдикалната организација ги склучува и потпишува поединечните колективни договори на ниво на работодавач;
з) Управува со финансиските средства и имотот на Синдикатот;
ѕ) Ги склучува и потпишува колективните договори на Синдикатот и другите договори;
и) Остварува соработка со другите синдикати како и со синдикатите, граѓанските организации и здруженијата на повисоко ниво на организирање во Македонија и во странство;
ј) Иницира и координира активности за реализација на одлуките, заклучоците и ставовите на Синдикатот и неговите тела;
к) По потреба може да свика состанок во било која синдикална организација;
л) Во исклучителни случаи а заради заштита на имотот и средствата на Синдикалната организација, може да донесе Одлука за блокирање на сметката на било која синдикална организација и
љ) Врши и други работи во согласност со овој Статут.
На Осмиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ, едногласно за Претседател на Синдикатот на УПОЗ е избран Трпе Деаноски. Трпе Деаноски е роден 12.02.1981 година, во Скопје. Завршил правен факултет со положен правосуден испит.
Претседателството на Синдикатот на УПОЗ го утврди Трпе Деаноски како единствен кандидат врз основа на предлозите кои пристигнаа од страна на Синдикалните орагнизации членки на Синдикатот на УПОЗ.
Претседателство
Претседателството е највисок орган на Синдикатот меѓу двa Конгреса.
Претседателството го сочинуваат членови по функција.
Членови по функција се:
- Претседателот на Синдикатот;
- Генералниот секретар;
- претседатели на синдикални организации со членство над 250 членови и претседателите на одборите, согласно Одлуката за бројот и составот за членови на Претседателството од 7-от Конгрес.
Во текот на мандатниот период, Претседателството што може да врши замена на членовите на својот состав до 1/3 од вкупниот број.
Верификација на нови членови на Претседателството меѓу две Конгреси врши Претседателството;
Претседателството на Синдикатот одговара за својата работа пред Конгресот и членството.
Претседателството се состанува по потреба а најмалку еднаш на три месеци.
Со работата на Претседателството раководи претседателот на Синдикатот.
Претседателството од својот состав бира Извршен одбор на предлог на претседателот на Синдикатот почитувајќи ја структурата на трите дејности.
Претседателството може да работи доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината негови членови а одлуките се полноважни ако за нив се изјасни мнозинството од присутните членови.
Претседателството на Синдикатот самостојно и во рамките на своите права, должности и одговорности:
(а) обезбедува поволни услови за преговарање, партнерска улога при склучувањето на колективните договори како и другите форми на преговарање, договарање и спогодување за сите прашања од интерес на членството и Синдикатот;
(б) презема потребни активности за унапредување на условите за работа, заштита на работа и унапредување на работната и животната средина;
(в) донесува финансиски план и ја усвојува завршната сметка на Синдикатот;
(г) донесува одлука за финансирање на синдикатот, висината и начинот на распределба;
(д) расправа и го усвојува конечниот текст на колективниот договор на ниво на гранка доколку тоа овластување не го пренело на работната група за колективно преговарање;
(ѓ) утврдува предлог-текст на Статутот како и измени и дополнувања меѓу два Конгреса на Синдикатот;
(е) донесува одлука за бројот, составот и структурата на Претседателството;
(ж) утврдува листа на кандидати за претседател со тоа што бројот на кандидатите не може да биде поголем од три;
(з) утврдува листи на кандидати за органите на Синдикатот;
(ѕ) ја избира и разрешува Статутарната комисија и други органи на Синдикатот;
(и) именува преговарачки тим за склучување на колективен договор;
(ј) по потреба именува регионални претставници на предлог на претседателот;
(к) се залага за сигурност на работните места како и за материјална и социјална сигурност;
(л) ја унапредува организацијата на Синдикатот и донесува одлуки, упатства и препораки,
(љ) организира образование на синдикалните претставници,
(м) го организира информирањето во Синдикатот,
(н) донесува и ја спроведува програмата за работа,
(њ) обезбедува извршување на сите барања за потребите на Конгресот, Надзорниот одбор, Статутарната комисија како и другите органи кои ги основа;
(о) помага во работата на синдикалните организации;
(п) донесува Деловник за работа на Претседателството и одлучува за сите други прашања од интерес за Синдикатот кои не се во надлежност на органите и телата на Синдикатот.
Извршен Одбор
Извршниот одбор е извршно тело кое го сочинуваат вкупно седум членови, шест членови и претседателот на Синдикатот, а за својата работа одговорен е пред Претседателството.
Извршниот одбор се состанува по потреба, а со неговата работа раководи претседателот на Синдикатот, ги спроведува одлуките на Претседателството и се грижи за информативната, организациската и друга дејност во Синдикатот и односите со работодавачот и јавноста, донесува одлуки согласно програмските насоки на Синдикатот, утврдува кандидати за членовите на телата на Синдикатот, утврдува предлози за награди, дипломи и други признанија на членови на Синдикатот и Синдикалните организации, извршува и други работи по овластување на Претседателството.
Извршниот одбор се состанува меѓу седниците на Претседателството и може да донесува одлуки и заклучоци по итни прашања од надлежност на Претседателството и за истите го информира Претседателството на првата наредна седница.
Надзорен Одбор
Надзорниот одбор извршува надзор над употребата и користењето на имотот и финансиските средства на Синдикатот.
Надзорниот одбор се состои од три члена и исто толку заменици,
Изборот на членови на Надзорниот одбор го врши Собранието,
Меѓу два Конгреси, членови може да избира и Претседателството на Синдикатот
Надзорниот одбор на својата конститутивната седница бира претседател и негов заменик.
Членовите на Надзорниот одбор не можат истовремено да бидат и членови на Претседателството.
Статуарна Комисија
Статутарната комисија:
- го следи остварувањето и спроведувањето на Статутот на Синдикатот;
- дава толкување на одредбите на овој Статут и подготвува негови дополнувања и измени;
- ја оценува усогласеноста на одредбите на другите акти на Синдикатот и органите и телата на Синдикатот со одредбите на Статутот;
- утврдува предлог за усогласување на Статутот со прописите;
- арбитрира во споровите меѓу синдикалните организации и Синдикатот.
Статутарната комисија има пет члена и исто толку заменици и нив ги бира Претседателството на Синдикатот.
Статутарната комисија од редот на своите членови бира претседател и заменик претседател на Статутарната комисија,
Членовите на Статутарната комисија не можат истовремено да бидат и членови на Претседателството на Синдикатот.
Членови на одбори и комисии на Синдикатот на УПОЗ
А. ОДБОРИ
1. Одбор на административни службеници
2. Одбор за локална самоуправа и ТПЕ
3. Одбор на судска служба
4. Одбор за КПУ и ВПУ
5. Одбор за инспекциски служби
6. Одбор за подготовка и организација на спортските игри и средби
7. Одбор за судска служба
1. Комисија на Солидарниот фонд
- Илија Смилев - Здружение на граѓани (претседател)
- Горан Рајковски - Воено медицински центар
- Игор Трајковски - Агенција за катастар на недвижности
- Арменд Ибраими - Царинска управа на РСМ
- Нимет Беќири - Фонд за здравствено осигурување
2. Комисија за натпревари на спортските игри