Трпе Деаноски едногласно беше реизбран за Претседател на Синдикатот на УПОЗ со мандат од пет години. На Конгресот беше избран и Надзорен одбор а се усвоија и Извештајот за работа на Синдикатот на УПОЗ меѓу 8. и 9.Конгрес, Програмските активности за период 2026 – 2031 година а беше донесен и нов Статут на Синдикатот на УПОЗ.

На 03.07.2026 година, во Работничкиот дом во Скопје, се одржа Деветтиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ под мотото “ЕДНА ЦЕЛ, ЕДЕН ГЛАС, ЕДЕН СИНДИКАТ”.

На Конгресот од вкупно 87 делегати присутни беа и зедоа учество во работата 82 делегати. Како гости на Конгресот присуствуваа колеги од гранските синдикати здружени во ССМ, делегации од братските синдикати од регионот, како и соработници кои низ годините допринеле за растот на Синдикатот на УПОЗ.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски се обрати пред присутните делгати и гости, кој се осврна на активностите кои Синдикатот на УПОЗ кои од постигнатите резултати се историски за Синдикатот на УПОЗ.

Во овој мандат, беа потпишани 138 посебни колективни договори на ниво на работодавач, а беа потпишани и 84 анекси на колективни договори. Со овие активности, директно се изборивме за повисоки плати, зголемени додатоци и надоместоци, повеќе денови за годишен одмор, платени и неплатени отсуства, како и максимална заштита на синдикалните претставници.

Работниците препознаа кој вистински ги брани нивните права. Во период од 2022 до април 2026 година, членството на Синдикатот на УПОЗ е зголемено за 120% и беа формирани повеќе од 70 нови синдикални организации.
На Деветтиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ се расправаше и за Извештајот за работата на Синдикатот на УПОЗ меѓу 8. И 9. Конгрес, Извештајот за Финансиско – материјалното работење на Синдикатот на УПОЗ меѓу 8. И 9. Конгрес, беше донесен нов Статут на Синдикатот на УПОЗ како и за Програмските активности во период 2026 – 2031 година. Сите овие документи кои беа доставени до Делегатите на Деветтиот Конгрес и беа усвоени едногласно и без забелешки.

Врз основа на извештајот на Кандидационата комисија, беше верификуван мандатот на преставниците во Претседателството кое ќе се конституира на првата седница.
На 27. Седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, врз основа на доставените записници од Синдикалните организации, Трпе Деаноски беше утврден за кандидат за Претседател на Синдикатот на УПОЗ и овој предлог му го достави на Конгресот на изјаснување.

Со оглед на единството и безрезервна поддршка и масовна поддршка од синдикалните организации, делегатите на Деветтиот Конгрес го избра Трпе Деаноски за Претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ од почетокот на годинава до сега склучи 70 Колективни договори за 11.000 работници со кои се зголемија платите.

Синдикатот на УПОЗ минатата година започна со преговори, протести и преговори за зголемување на платата на 3.000 работници вработени во министерствата и фондовите со барање за утврдување на додаток на плата од 30%.

Од февруари оваа година со Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ потпиша повеќе од 70 колективни договори и по големите протести, успеа и обезбеди зголемување на платите на 11.000 работници за 40 % во период од 25 месеци, а првото зголемување на платите за вработените во управата и правосудатвото изнесуваше помеѓу 13 и 14% со платата од месец март, вклучивајќи го зголемувањето предвидено во Колективните договори од 7% и линеарното усогласување на платите со минималната плата.

Борбата за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството која ја водеше УПОЗ даде резултат, кој очигледно некому му смета.

УПОЗ ќе продолжи и во наредниот период да се бори за унапредување на правата на своите членови и на вработените во управата и правосудството.

Од 20 до 24 мај во Чањ, Црна Гора, се одржаа 31. спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ.

Во одлична, релаксирана атмосфера и спортски дух, на настанот учествуваа повеќе од 300 членови од 27 синдикални организации.

Апсолутен победник на годинашните игри беше Синдикалната организација при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (Фонд ПИОМ).

Нивната екипа триумфираше во машка конкуренција (11 поени) и во женска конкуренција (18 бодови), со што сосема заслужено го освои пехарот за севкупен победник на игрите со вкупно 35 бодови.

Наградата за фер-плеј оваа година замина во рацете на Синдикалната организација при Општина Кавадарци, како признание за исклучително спортско однесување, коректност и почит кон противниците.

Наградата за најдобар спортист му припадна на Милинко Влаховиќ од Фондот за ПИОМ.

Ова е прегледот на резултатите по дисциплини
Мал фудбал:
1. СО при Општина Демир Хисар
2. СО при Основен суд Тетово
3. СО при КПУ Затвор Штип

Кошарка
1. СО при Општина Карпош
2. СО при Фонд за ПИОМ
3. СО при МЗШВ

Пливање мажи
1. СО при Општина Кавадарци
2. СО при Фонд ПИОМ
3. СО при Агенција за катастар на недвижности

Стрелаштво мажи
1. СО при КПУ Штип
2. СО при ЈП Стрежево Битола
3. СО при Општина Кавадарци

Пикадо мажи
1. СО при Фонд ПИОМ
2. СО при Општина Карпош
3. СО при Општина Кавадарци и СО при при Министерство за култура и туризам

Баскет жени
1. СО при Фонд ПИОМ
2. СО при Општина Кавадарци
3. СО при Општина Карпош

Пливање жени
1. СО при Фонд ПИОМ
2. СО при Општина Карпош
3. СО при МЗШВ

Стрелаштво жени
1. СО при Фонд ПИОМ
2. СО при Општина Кавадарци
3. СО при Општина Карпош

Пикадо жени
1. СО при Град Скопје
2. СО при Фонд ПИОМ
3. СО при Општина Штип

Влечење јаже
1. СО при МЗШВ
2. СО при Општина Карпош
3. СО при Фонд ПИОМ

Одбојка
1. СО при МЗШВ
2. СО при Општина Кавадарци
3. СО при Основен суд Кавадарци

Шах
1. СО при Фонд ПИОМ
2. СО при Општина Кавадарци
3. СО при АКН

Пинг Понг
1. СО при Основен суд Кавадарци
2. СО при МЗШВ
3. СО при Општина Штип

Овие спортски игри уште еднаш ја потврдија важноста на ваквите манифестации, кои освен натпреварувачкиот карактер, имаат клучна улога во зајакнувањето на синдикалниот дух, меѓусебната поддршка и солидарноста меѓу членовите на Синдикатот на УПОЗ.

Денес, после неколку месечни преговори, во просториите на Општина Тетово беше потпишан нов Колективен договор за вработените во Општината.

Во новиот Колективен договор предвидено е кумулативно зголемување на платите за наредните три години, зголемен регрес за годишен одмор, јубилејни награди итн.

Овој колективен договор беше потпишан од Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами од едната страна и Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на СО при Општина Тетово Фестим Зеќири.