• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

ЧЕСТИТКА ОД БРАТСКИ СИНДИКАТ

13.07.2021 година

IMG ad554712fbe75d8ff67f6bb94834d453 V

Во мноштвото честитки по повод 30 годишнината од формирањето на Синдикатот на УПОЗ, упатени на прославата а и преку социјалните мрежи, на некој начин се издвојува честитката упатена од колегите од ССКЦ. 

Самостоен синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи на Република Македонија е членка на Конфедерацијата на слободни синдикати. За овој Синдикат и Синдикатот на УПОЗ тоа не е пречка да соработуваат и остварат одлична соработка иако припѓаат на две различни централи ССМ и КСС. Овој синдикат прв ја поддржа иницијативата за потпиушување на Повелбата за солидарност и овој синдикат е еден од петте потписници на Повелба. Од тогаш до денес, континуирана е соработката и ја имаме безрезервна поддршка и соработка во целиот период.

Повеќе...

ЈУБИЛЕЈ – ДОСТОЕН ЗА ПОЧИТ

12.07.2021 година

Со цел и нашите членови да бидат дел од прославата на големиот јубилеј 30 години од формирањето на Синдикатот на УПОЗ, ја објавуваме снимката од овој настан. Јубилеј – за достоен почит. Така беше и одбележан со пригодни обраќања на претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, Министерот за правда Бојан Маричиќ, Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, претседателтите на братските синдикати, рецензентите на монографијата проф. д-р Борче Давитковски и проф. д-р Нано Ружин и сите кои добија благодарници за својата повеќегодишна активност во синдикатот.

Погледнете ја атмосферата од прославата и споделете го сознанието дека овој јубилеј беше достоинствено одбележан.

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ОДБЕЛЕЖА 30 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО ФОРМИРАЊЕ

08.07.2021 година

rsz_dsc_1430.jpg

Во далечната 1991 година, пред 30 години е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р.Македонија (УПОЗ) кој е правен следбеник на Републичкио одбор на управата, правосудството и финансиските организации. Денес, во Синдикатот на УПОЗ членуваат повеќе од 110 синдикални организации, и од основањето до денес, Синдикатот на УПОЗ е предводник во синдикалното движење низ годините наназад.

Денес 08.07.2021 година, во Скопје, се одбележаа 30 години од формирањето на Синдикатот на УПОЗ кој е доброволна, самостојна, демократска, независна и непартиска организација на вработените во државната управа, локалната самоуправа, превосудните органи, здруженијата на граѓани, други служби и правни лица во државната и јавната управа, како и сите правни лица основани од Владата на РМ.

Повеќе...

УТРЕ ПРОСЛАВА – 30. ГОДИНИ СИНДИКАТ НА УПОЗ

07.07.2021 година

На 08.07.2021 година, во Рагуза 360 во Скопје, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, ќе го одбележи јубилејот 30 години од форимрањето на Синдикатот. Оваа прослава, беше планирана да се одржи во месец април, но поради пандемијата на вирусот Ковид 19, истата беше одложена.

Пред 30 години, во месец јули, е формиран Синдикатот на УПОЗ како правен следбеник на Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации на Македонија. За таа цел, утре согласно сите препораки на Комисијата за заразни болести, ќе се одбележи овој значаен јубилеј како за Синдикатот на УПОЗ, така и за синдикалното движење во нашата држава.

На прослава, покрај членови на Синдикатот на УПОЗ ќе присуствуваат Министерот за правда Бојан Маричиќ и Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и повеќе синдикатите од странство, со кој Синдикатот на УПОЗ оставрува непосредна соработка.

Повеќе...

КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

05.07.2021 година

rsz opstina bogdanci

На 02.07.2021 година, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Богданци со кој дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.

На 02.07.2021 година, Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при општина Богданци, претставувани од Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Маријан Пеев од една страна и Градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов го потпишаа Колективниот договор за вработените во општина Богданци.

Повеќе...