Започнат штрајк во Јавните обвинителства

Вработените во Јавните обвинителства од денеска стапуваат во ШТРАЈК.

Нашите барања се: зголемување на платите за 78% и враќање на додатоците на плата во висина од 35%.

За време на одржување на штрајкот, вработените во јавните обвинителства нема да работат, нити да  бидат на своите работни места.

Штрајкот ќе се спроведува во салите за состаноци на обвинителствата, холовите, заедничките простории или пред зградите на јавните обвинителства.

Штрајкот кој започнува денес ќе се одвива во сите 28 јавни обвинителства на територијата  на државата и ќе трае се до исполнување на барањата на вработените.

За време на штрајкот ќе се извршуваат единствено итните и неодложни работни задачи, односно согласно законските прописи штрајкувачите ќе работат предмети во кои има притвор, претрес и неодложни жалби.

Штрајкот е најавен навремено и согласно законските прописи и нема да дозволиме никакви притисоци кон вработените тие да извршуваат работни задачи, освен оние кои се итни и неодложни.

За почетокот на штрајкот е информиран и Министерот за правда кој не најде време да не прими и да ги слушне нашите барања. 

До сите политички партии во Собранието е испратен амандман со кој се бара во ребалансот да се предвидат средства за исплата на повисоки плати за вработените во обвинителствата и редно време е барем еден пратеник од било која пратеничка група да има доблест да го слушне нашиот глас и да почне да се бори за вработените.

Вработените во обвинителствата се сплотени и единствени. Нашите барања се праведни и правични и од нив нема да се откажеме.

Спремни сме да ги издржиме сите притисоци и доколку не се уважат нашите барања штрајкот нема да престане.

Epsu

Видеа

More Videos
Watch the video