Одржан IX. Конгрес на Синдикатот на УПОЗ

Трпе Деаноски едногласно беше реизбран за Претседател на Синдикатот на УПОЗ со мандат од пет години. На Конгресот беше избран и Надзорен одбор а се усвоија и Извештајот за работа на Синдикатот на УПОЗ меѓу 8. и 9.Конгрес, Програмските активности за период 2026 – 2031 година а беше донесен и нов Статут на Синдикатот на УПОЗ.

На 03.07.2026 година, во Работничкиот дом во Скопје, се одржа Деветтиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ под мотото “ЕДНА ЦЕЛ, ЕДЕН ГЛАС, ЕДЕН СИНДИКАТ”.

На Конгресот од вкупно 87 делегати присутни беа и зедоа учество во работата 82 делегати. Како гости на Конгресот присуствуваа колеги од гранските синдикати здружени во ССМ, делегации од братските синдикати од регионот, како и соработници кои низ годините допринеле за растот на Синдикатот на УПОЗ.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски се обрати пред присутните делгати и гости, кој се осврна на активностите кои Синдикатот на УПОЗ кои од постигнатите резултати се историски за Синдикатот на УПОЗ.

Во овој мандат, беа потпишани 138 посебни колективни договори на ниво на работодавач, а беа потпишани и 84 анекси на колективни договори. Со овие активности, директно се изборивме за повисоки плати, зголемени додатоци и надоместоци, повеќе денови за годишен одмор, платени и неплатени отсуства, како и максимална заштита на синдикалните претставници.

Работниците препознаа кој вистински ги брани нивните права. Во период од 2022 до април 2026 година, членството на Синдикатот на УПОЗ е зголемено за 120% и беа формирани повеќе од 70 нови синдикални организации.
На Деветтиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ се расправаше и за Извештајот за работата на Синдикатот на УПОЗ меѓу 8. И 9. Конгрес, Извештајот за Финансиско – материјалното работење на Синдикатот на УПОЗ меѓу 8. И 9. Конгрес, беше донесен нов Статут на Синдикатот на УПОЗ како и за Програмските активности во период 2026 – 2031 година. Сите овие документи кои беа доставени до Делегатите на Деветтиот Конгрес и беа усвоени едногласно и без забелешки.

Врз основа на извештајот на Кандидационата комисија, беше верификуван мандатот на преставниците во Претседателството кое ќе се конституира на првата седница.
На 27. Седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, врз основа на доставените записници од Синдикалните организации, Трпе Деаноски беше утврден за кандидат за Претседател на Синдикатот на УПОЗ и овој предлог му го достави на Конгресот на изјаснување.

Со оглед на единството и безрезервна поддршка и масовна поддршка од синдикалните организации, делегатите на Деветтиот Конгрес го избра Трпе Деаноски за Претседател на Синдикатот на УПОЗ.