Членовите на Синдикатот на УПОЗ, преку Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ, веќе десет години имаат можност да остварат право на неповратна парична помош за своите првачиња.
Во период од 2014 до 2024 година, вкупно 2034 членови на Синдикатот на УПОЗ го имаат остварено правото, во вкупен износ од 6.102.000,00 денари не повратна парична помош.
Новитет од оваа година, согласно Одлука на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ донесена на 20. седница одржана на 19.02.2025 година, е зголемувањето на износот на паричната помош за прваче.
Така почнувајќи од 2025 година, секој член кој го остварува ова право со поднесена комплетна документација ќе добива 4.000,00 денари еднократна парична помош.
Потребни документи за остварување на ова право кое се остварува преку Претседателот на синдикалната организација се следни:
⦁ Мислење (го пополнува Претседателот на синдикалната организација)
⦁ Барање (го потполнува членот на Синдикатот на УПОЗ)
⦁ Потврда за упис во прво одделение и
⦁ Копија од извод на родени за детето.
На сите родители членови на Синдикатот на УПОЗ, им го честитаме почетокот на основното образование на нивните најмили, а истовремено им посакуваме успешна и среќна нова учебна година на сите ученици.