Правото на парична помош за прваче е едно од најкористените права од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ

Согласно Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ, 269 членови на синдикатот од повеќе од 80 синдикални организации реализира финансиска помош во вкупен износ од 1.076.000,00 денари

Правото на парична помош за прваче е воведено во 2014 година, а од тогаш па заклучно со 11 ноември 2025 година, реализирани се вкупно 2.314 барања, а на членовите им е исплатена неповратна парична помош на во износ од 7.211.000,00 денари.

Ги повикуваме членовите на Синдикатот на УПОЗ редовно да ги користат сите права и можности кои им ги дава Солидиарниот фонд на Синдикатот.