Какви се условите за работа по судовите

Додека извршната и судската власт преку медиумите бараат кривец за ситуацијата во правосудството, вработените во судовите и обвинителствата остануваат заборавени иако тие се оние без кои ништо не може да функционира.

Ова најдобро може да се види во Основниот граѓански суд Скопје.

👉Од 508 предвидени работни места во систематизацијата, пополнети се само 180 од кои 50 судски соработници и 130 референти.
👉Секој вработен извршува повеќе од четири работни задачи, а прима една плата. Износот на таа плата е под секое достоинство.
👉Во судот има 66 судии, а има 53 дактилографи за сите судии.
👉Во писарниците еден вработен работи со по два или три судии. Ова значи дека еден вработен на писарница може да има од 600 до 1200 предмети.
👉На приемниот шалтер наместо 6 вработени има само 1 вработен, па ред се чека и надвор од судот.
👉Дополнително, бројот на вработени се намалува и по природен одлив но и бидејќи вработените даваат откази поради ниските плати и постојаните притисоци.
👉Во последните три години не се распишани огласи за нови вработувања.
👉Минатата година во Основниот граѓански суд немаше греење поради дефект, а сеуште има пукната цевка од санитарниот чвор која никако да се санира.

Судскиот буџетски совет наместо да се бори да добие 0.8% од БДП-то, како што е предвидено со Закон, на седница носи одлука да се бара понизок износ, па нели е тоа спротивно на закон.
Ама нив секако не им се битни вработените, битно е само да си обезбедат средства за плати, кои се многу пати поголеми од оние на вработените и неколку пати поголеми од платите на судиите кои редовно ги извршуваат работните задачи во судовите.
Претседателот на Судскиот буџетски совет изгледа не знае што е социјален дијалог бидејќи немаме добиено одговор на ниту едно барање за средба од кога е избрана на функцијата Претседател, ама по се изгледа и да се видиме нема да има што да каже некој друг ќе биде крив.
Судиите добија нови тоги и кожни столчиња, а за условите за работа на вработените можете да видите од сликите во прилог.

P.S.
Во овој момент сите вработени и странки седат надвор пред судот бидејќи “смрди“ на фекалии од затнатите цевки.