Денес направивме уште еден голем чекор во заштитата и унапредувањето на работничките права! Синдикатот на УПОЗ претставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на СО Изабела Илиева и Јавното обвинителство претставувано од Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески официјално го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во Јавно обвинителската служба.
Ова е голем чекор напред за правдата на оние кои се столбот на оваа институција. Синдикатот останува на ставот дека без задоволни вработени нема ефикасен правосуден систем. Продолжуваме со борбата за достоинствено вреднување на трудот на секој наш член!!!