СКАЛЕСТО УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, ГЛАВНА ТЕМА НА РАЗГОВОР СО МИНИСТЕРОТ АДМИРИМ АЛИТИ

Скалесто зголемување на платите во администрацијата, измена на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавнито сектор, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 и 2022 година и отпочнување на преговори за продолжување на Гранскиот колективен договор, беа дел од прашањата на Синдикатот на кои се разговараа на средбата со Министерот Адмирим Алити.

На барање на Синдикатот на УПОЗ,  Претседателот на Синдикатот Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски, претседателот на Одборот за административни службеници Зоран Георгиевски и членот на Извршниот одбор Александар Диље одржаа работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) г – дин Адмирим Алити.

На оваа средба се разговарање за неколку прашања кои се од интерес на вработените, а најголем акцент беше ставен на покачувањето на минималанта плата, а со тоа и барањето на Синдикатот на УПОЗ скалесто усогласување на останатите плати. Претседателот Деаноски укажа дека доколку скалесто не се усогласат платите со порастот на минималната плата, системот на плати во државната администрација нема да функционира. Од страна на Министерот Алити беше посочено дека МИОА веќе преземало активности за решавање на ова прашање и дека очекува до крајот на месец февруари да се направи измена на Законот за административни службеници во делот на платите со што ќе има усогласување на платите во државната администрација.

Во однос на измените на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор, преставниците на Синдикатот побараа во најбрз можен рок да се формираат работни групи помеѓу Синдикатот и МИОА, и истите да отпочнат со подготовка на измени кои ќе бидат од суштинско значење за вработените во државната администрација.

Третото прашање кое беше разговарано на средбата беше исплата на регресот за годишен одмор за 2020 и 2022 година, право кое на вработените во државната администрација им следува согласно Гранскиот колективен договор. Ова прашање беше покренато од страна на Синдикатот со оглед што во Буџетот за 2022 година, не се предвидени средства за исплата на популаното К-15, а за 2020 година, регресот воопшто не беше исплатен. Министерот Алити ги информираше преставниците на Синдикатот дека регресот за годишен одмор е загарантиран во Колективниот договор и дека со ребаланс на буџетот ќе бидат обезбедни средства за исплата на регрес за годишен одмор. Исто така на крајот, напомена дека на седница на Владата ќе го покрене и прашањето за не исплатата на регресот за годишен одмор за 2020 година, со оглед што веќе се покренати тужби во граѓанскиот суд за остварување на ова право, а со цел да се спречи дополнително оштетување на буџетот со исплата на адвокатски и судски трошоци.

Претседателот Деаноски го информираше Министерот Алити дека потербно е да се оформат работни групи со цел отпочнување на преговори за подготовка на нов Грански колективен договор во кој доплнително ќе бидат унапредени правата од работен однос со поголеми права за вработените. Двете страни се согласија дека тоа е повеќе од потребно, затоа што само задоволен работник е продуктивен работник.  

На крајот двете страни истакна дека соработката помеѓу Синдикатот на УПОЗ и МИОА уште повеќе ќе се надгради и дека социјалното партнерство ќе продолжи со учество на Синдикатот на УПОЗ во сите фази од најавената реформа на администрацијата.