• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

10.10.2019 година

IMG eb96d7dd3ad7c7167482af943603e0d0 V

На 10.10.2019 година, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги продолжија преговорите за Колективен договор за вработените во администрацијата, а на средбата се разговараше и за најавената реорганизација на јавниот сектор, како и за претстојните измени на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Синдикатот се надева дека ќе се усогласат неговите барања со Владата на СРМ, но и доколку преговорите не успеат, не се исклучува протести и штрајк.

 “Од оваа средба можеби не, но од неколкуте наредни ќе зависат понатамошните наши чекори, односно како ќе се организираме бидејќи преговорите околу колективниот договор може да траат и по година – две но сепак добро е тие да бидат и ефикасни. Се надеваме дека по денешната средба ќе излеземе со горе – доле усогласени ставови и ќе можеме во најскоро време да го потпишеме колективниот договор” – изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.

Спорни прашања во колективниот договор околу кои треба да се договорат двете страни се исплата на регресот за годишен одмор, додатоци на плата, дневници за служени патувања кои беа укинати со одлука на Владата и јубилејните награди. Отворено останува и прашањето дали колективниот договор ќе важи само за членовите на Синдикатот на УПОЗ или и за останатите вработени кои не се членови на Синдикатот.

Синдикатот на УПОЗ исто така на оваа средба со Министерот Дамјан Манчевски му ги доставија и забелешките за Законот за административни службеници каде акцент е ставен на оценувањето, унапредувањето и наградувањето на административните службеници.

Предлогот на Синдикатот на УПОЗ за пресметка на платите е сегашната вредност на бодот од 81.10 денари да биде замрзнат и од Нова година платите да се усогласуваат со просечната плата во државата.

Министерот Дамјан Манчевски изјави дека временскиот период е погоден за преговарање и се надева дека ќе се усогласат за дел од прашањата, и посочи дека сите страни, односно синдикатите, коморите и сите заинтересирани сериозно да се вклучат во процесот на реорганизација на јавниот сектор.

“Мислам дека имаме позитивна атмосфера и шанса да се договориме околу неколку клучни работи кои ќе ни дадат добра основа да потпишеме колективен договор, а да продолжиме да преговараме за оние работи за кои ефентуално нема да се договориме. Политиката на оваа Влада е зголемување на платите, но треба да се има и предвид и ефикасноста и резултатите, како и можностите на Буџетот” – изјави Министерот Манчевски.

Тој посочи дека до крајот на годината се очекува да завршат функционалните анализи во институтцииите и дека се отворени разни предлози околу трансферот со цел да нема оштетена страна во целиот процес.

“На почетокот на процесот сме. Ќе бидат вклучени и синдикатите и коморите и сите засегнати страни. За ова мора да се разбираме сите. Целта е во овој процес да нема оштетени – ниту државата, ниту вработените, ниту приватниот сектор. Бараме механизми со кои не би требало да има повредени во процесто” нагласи Министерот Манечвски.