Одржан состанок на конзорциумот за проектот TUAC2026

​Во рамките на проектот Синдикати: Нов глас за погласни млади, поддржан од Европската Унија преку програмата ЕРАЗМУС+, КА3: „Европската младина заедно“, се одржа нов состанок на конзорциумот составен од претставници на 10 партнерски организации.Со состанокот претседаваше Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски како носител на проектот, при што се разговараше за досегашните активности — истражувањето за тоа како младите го перципираат синдикатот, како и за креирањето образовен модул кој на информиран и приемчив начин би ги вовел младите во светот на синдикалниот активизам. Исто така, поголемо внимание им беше посветено на следните чекори — Синдикалната академија, која треба да обедини 40 млади лица од земјите партнери, како и националните академии, кои би обезбедиле понатамошен пренос на знаења и искуства на ниво на вклучените земји.
​
Присутните разговараа и за идеи за идни заеднички проекти, што претставува вистински патоказ за понатамошно реформско дејствување на синдикатите, особено во контекст на поактивно вклучување на младите во синдикалните активности.​Заедничката синдикална академија е договорена за крајот на јануари 2027 година, а во претстојниот период вклучените синдикати ќе извршат селекција на учесниците во националните делегации и ќе започнат со понатамошните логистички подготовки.