На 10.11.2026 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата прва седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ во изминатиот период.
На седницата беа разгледани и реализирани 13 барања по основ на парична помош за боледување во вкупен износ од 76.000,00 денари, две барања по основ на загрозена материјална состојба во вкупен износ од 45.000,00 денари, три барања по основ на парична помош за лекување во вкупен износ од 38.040,00 денари и две барања по член 34 (во исклучителни случаи) во вкупен износ од 12.000,00 денари. Исто така, на оваа седница беа одобрени и: една позајмица за лекување во износ од 40.000,00 денари, три позајмици по друг основ во вкупен износ од 120.000,00 денари и една парична позајмица за загрозена материјална состојба во износ од 15.000,00 денари.
Покрај одлуките донесени на самата седница, во периодот од 30.09.2026 до 10.11.2026 година, согласно Правилникот, беа одобрени и исплатени вкупно 86 барања (71 барање за неповратна парична помош во износ од 328.000,00 денари и 15 парични позајмици во износ од 375.000,00 денари) во вкупен износ од 703.000,00 денари, и тоа:
- Парична помош за новороденче – 19 барања во износ од 76.000,00 денари;
- Парична помош за пензионирање – 10 барања во износ од 30.000,00 денари;
- Парична помош за прваче – 38 барања во износ од 152.000,00 денари;
- Парична помош за лекување – едно барање во вкупен износ од 10.000,00 денари;
- Парична помош за смрт на член на Фондот – три барања во вкупен износ од 60.000,00 денари;
- Парична позајмица без основ (со документација за потреба) – девет барања во вкупен износ од 135.000,00 денари;
- Парична позајмица по друг основ – пет барања во вкупен износ од 200.000,00 денари;
- Парична позајмица за школување – едно барање во износ од 40.000,00 денари.


