КАРАЏОСКИ И СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ ДА СИ ПОДНЕСАТ ОСТАВКА ИЛИ ДА ЈА ПОВЛЕЧАТ ОДЛУКАТА, ВО СПРОТИВНО ВО ПОНЕДЕЛНИК НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ СУДОВИТЕ ЌЕ РАБОТАТ
01.12.2018
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ), бара Судскиот буџетски совет и претседателот Караџоски да ја повлечат Одлуката за исплата на додатоци на плата за судиите во износ од 35% со што судиите ќе добијат зголемување за 21.000,00 денари, што ќе биде повисоко за 85% од редовните плати кои ги добиваат вработените во судската служба. Оваа срамна Одлука е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на судските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите. Таа во ниту еден случај не може да ја подобри материјалната и социјално - економската положба на вработените во администрацијата и правосудството.
Од овие причини Синдикатот на УПОЗ бара итна и неотповиклива оставка од Претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџоски и комплетниот состав на Судскиот буџетски совет, заради не поседување на морални вредности и предизвикување на состојба на хаос во судството.