Денес, во просториите на општина Карпош, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Благоја Павловски од едната страна и Градоначалникот Сотир Лукровски го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во Општина Карпош.
Со новиот договор, предвидени се поповолни права со кои ќе се подобри стандардот на вработените во Општина Карпош.
Со овој чекор, Општина Карпош ја потврдува својата посветеност кон унапредување на работничките стандарди и воспоставување на систем во кој администрацијата ќе функционира поефикасно во служба на граѓаните.