Колективен договор за вработените во Основен суд Битола

Денес за вработените во Основен суд Битола е голем ден за позитива и историја.

Во Канцеларијата на Претседателот при Основен суд Битола, претседателот м-р Татјана Петровска и претседателот на синдикатот на УПОЗ за Основен суд Битола Драган Младеновски, го потпишаа Колективниот договор кој конечно ја враќа достоинственоста на судската администрација.

Ова не е само покачување. Ова е исправување на неправда.

 +7% зголемување на платите кој ќе се пресмета со оваа мартовска плата.
 Дополнително нивелирање со најниската плата во државата
 Загарантиран раст: +7% во 2027 и +7% во 2028

Ова е најголемото и најзначајното подобрување на платите досега.
Ова е резултат на борба, истрајност и јасна визија.

Денес покажавме дека кога сме обединети - резултатите се неминовни.

Платата нека биде потстрек и потсетник за тоа дека граѓаните ја гледаат правдата во судот, а судската администрацијата да биде двигател кој ќе направиме тоа да биде возможно.


Статистика

  • Корисници 2
  • Артикли 451
  • Посети на артикли 894064

Онлајн

Имаме присутни 66 гости и нема членови