Вчера 09.05.2023 година, во просториите на Царинската управа, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Царинската управа Тони Апостоловски од едната страна и Директорот на Царинската управа Славица Кутиров го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во Царинската управа на РСМ.
Во овој колективен договор, кој е резултат на неколку месечните преговори помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Царинската управа, се вградува минималната плата како основна плата со која и вработените во Царинската управа ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималаната плата. Освен ова право, со овој Колективен договор, секој вработен во Царинската управа ќе биде осигуран од страна на управата во случај на повреда настаната на работното место.