Анекс на Колективен договор за вработените во Агенцијата за катастар на недвижности

На ден 25.12.2023 година, во Агенцијата за Катастар на Недвижности, се потпиша Анекс на Колективниот договор за вработените во АКН. Овој Анекс беше потпишан помеѓу директорот на АКН д-р Борис Тунџев од едната страна и Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната Организација на УПОЗ при АКН Љубиша Јовановски од другата страна.

Со овој Анекс на КД, на вработените во АКН им се овозможува право на 13 плата согласно исполнети законски услови како и правото од Јубилејна награда за контуинирана работа кај ист работодавач и тоа за
- за 10 години - 50% од просечна плата
- за 20 години - 100% од просечна плата
- за 30 години - 150% од просечна плата и
- за 40 години - 200 % просечна плати.

Од 1 јануари 2024 година на сите вработени во АКН со овој анекс ќе им се зголеми додатокот на плата за 5% и истиот сега ќе изнесува 20 % на основната плата, со можност на надминување на нормативната работа за добивање на дополнителни 10%.

На овој начин Синдикатот на УПОЗ уште еднаш докажа како се унапредуваат правата од работен однос како единствен репрезентативен Синдикат во Агенцијата за катастар на недвижности.