Денес, после скоро две години преговори и се уважи барањето на Синдикатот на УПОЗ, вработените во управата и правосудството да добијат зголемување на своите плати за 40%.
На средба со претставниците на Владата беше договорено да се потпишат колективни договори на ниво на работодавач, а опфатот се однесува на 11.000 вработени во управата и правосудството.
Синдикатот на УПОЗ во следниов период ќе изготви текст на Колективен договор и истиот ќе биде проследен до Министерството за јавна администрација се со цел да биде дефиниран конечниот текст.