На ден 25.02.2026 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 36. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ.
По основ парична помош за боледување беа поднесени 12 барања во вкупен износ од 71.200,00 денари. По основ парична помош за лекување беа реализирани вкупно две барања во вкупен износ од 50.000,00 денари. Пет барања беа реализирани по основ парична помош за исклучителни случаи во вкупен износ од 30.000,00 денари.
На оваа седница беа одобрени четири парични позајмици (лекување, школување, елементарна непогода и друг основ) во вкупен износ од 140.000,00 денари.
Во периодот меѓу двете седници од 13.01.2026 година до 25.02.2026 година, согласно Правилникот за Солидарен фонд, беа одобрени и исплатени вкупно 40 барања по следниве основи:
• Парична помош за новороденче – 15 барања во износ од 60.000,00 денари;
• Парична помош за пензионирање – осум барања во износ од 24.000,00 денари;
• Парична помош за прваче – четири барања во износ од 16.000,00 денари;
• Парична помош за смрт на член на Фондот – едно барање во износ од 20.000,00 денари;
• Парична позајмица по друг основ – три барања во износ од 110.000 денари;
• Парична позајмица без основ – девет барања во износ од 135.000,00 денари.
Комисијата и понатаму ќе продолжи активно да ги помага членовите на Синдикатот на УПОЗ, преку навремено разгледување и одобрување на поднесените барања согласно Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ.