Денеска, Синдикатот на УПОЗ и раководството на Агенцијата за управување со одземен имот официјално го потпишаа новиот Колективен договор!
Со овој Колективен договор е предвиден континуиран раст на платите во Агенцијата.

Денеска, ставивме потпис и на Колективен договор во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Продолжуваме со истата енергија – институција по институција.
Денеска направивме голем чекор напред во заштитата и унапредувањето на работничките права! Со големо задоволство ве информираме дека е потпишан Колективен договор за вработените во Апелациониот суд Скопје.
Колективниот договорот го потпишаа Претседателката на Апелациониот суд Скопје, м-р Мери Дика Георгиевска од едната страна, и Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и Претседателот на СО при Апелациониот суд Скопје Лилјана Зафирова од другата страна.
Со овој договор уште еднаш потврдуваме дека Синдикатот на УПОЗ секогаш стои во одбрана на правата на своите членови.
Денеска во просториите на Основниот суд во Велес беше свечено потпишан новиот Колективен договор на ниво на работодавач, со кој значително се унапредуваат работничките права и се регулираат специфичните услови за работа на вработените во Основен суд Велес.