Денес, во просториите на Општина Карбинци, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на СО Наталија Давчева од едната страна и Градоначалникот на Општона Карбинци Виктор Паунов го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Карбинци.

Со овој колективен договор е предвидено зголемување на платите, регрес за годишен одмор во износ од 60%, јубилејни награди итн.

И натаму ќе продолжиме да ги унапредуваме правата на вработените во управата и правосудството.

Во просториите на Основен суд Ресен, беше потпишан Колективен договор за вработените во Основен суд Ресен.

Со овој колективен договор, се предвидува раст на платите во период од три години.

Без задоволна и заштитена судска администрација, нема ефикасен правосуден систем.

На последната седница на Судско - буџетскиот совет е донесена Одлука со која судските службеници се директно дискриминирани.

Иако сите вработени во судската власт, се под ист буџет, Советот одлучи дека НЕМА средства за додатоци на плата за вработените во судовите, ама ИМА средства за додатоци за вработените во Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.

Со ваквата Одлука, се само што се крши членот 32 од Уставот на РСМ, туку и директно се потценува трудот на оние кои се столбот на судскиот систем.

Ова селективно обезбедување на средства создава револт и придонесува за масовен одлив на квалитетен кадар од судовите.

Затоа, Судско буџетскиот совет мора да ја корегира оваа неправда и да обезбеди средства за додатоци на плата за СИТЕ судски службеници за месец март, како и за целата 2026 година.

Во прилог е барањето на Синдикатот на УПОЗ до Судско буџетскиот совет.

678184471 1419404106886010 2212784916489368178 n

678399446 1419404093552678 8718102978814370915 n

 


На покана на Синдикатот на УПОЗ, претседателот Трпе Деаноски оствари работна средба со генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ), Јан Вилем Гудриан.

​На средбата, која се одржа во рамките на годишната конференција на синдикатите од Централна Европа и Западен Балкан во Скопје, генералниот секретар беше запознаен со клучните активности на Синдикатот на УПОЗ во изминатата година. Како особено значаен успех беше истакнато потпишувањето на поединечните колективни договори на ниво на работодавач, со кои значително се унапредуваат правата на вработените во управата и правосудството.

​Генералниот секретар на ЕПСУ ги поздрави постигнатите резултати и заложбите на Синдикатот на УПОЗ, нагласувајќи дека ЕПСУ и во иднина ќе продолжи со силна и безрезервна поддршка за сите активности на синдикатот.

European Public Service Unions (EPSU)

Статистика

  • Корисници 2
  • Артикли 458
  • Посети на артикли 957375

Онлајн

Имаме присутни 123 гости и нема членови