Под мотото “Време е за јавниот сектор” oд 18. до 20. Јуни, во Букурешт се одржува 11. Конгрес на European Public Service Unions (EPSU), на кој учествуваат 600 учесници од целиот свет.

На покана на ЕПСУ тимиот за организација и регрутирање нови членови, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски беше еден од учесниците на панел дискисијата, кој ја презентираше две годишната работа на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на членството, предизвиците и формирањето на новите синдикални организации.

“Во колективното преговарање не можете сами, не можат двајца или тројца да го водат целиот процес, потребен е цел тим за да имате успешни преговори позади себе. Тимот на Синдикатот на УПОЗ не е голем, па одлучивме за сите наши успеси и потпишување на Колективни договри, да правиме објави на социјалните мрежи за да допреме до што повеќе членови и потикнеме повеќе работодавачи. Владата во 2021 година, не ги усогласи платите и забрани нивно зголемување, но најдовме начин да делуваме на локално ниво, да ги унапредуваме правата од работен однос и да ги зголемуваме платите, а со самото тоа да се зголемуваше и членството во Синдикатот на УПОЗ. Доста сме застапени во медиумите, во последната година организиравме повеќе штрајкови и протести, и ја користиме секоја прилика која ќе ни биде укажана да ги унапредиме правата на членовите на Синдикатот на УПОЗ преку потпишување на Колективни договори. Важно е да се работи со членството, да се слушнати нивни идеи, и да се организираат редовни средби, само така може да имаме јак Синдикат” – посочи Претседателот Трпе Деаноски, на панел дискусијата.

#EPSUCONGRESS2024
#TimeForPublicServeces

Од 06.06 до 09.06.2021 година во хотелскиот комплекс Метропол се одржаа 29.тите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ. Оваа година како и минатата учество зедоа над 400 членови на Синдикатот на УПОЗ од 32 синдикални организации.

Екипите се натпреваруваа во пет дисциплини а севкупен победник во машка конкуренција беше Синдикалната организација при Општина Струмица со освоени 8 бодови. Жените се натпреваруваа во четири дисциплини а севкупен победник беше екипата на Синдикалната организација при Град Скопје со освоени 12 бодови, како и четири дисциплини во мешана конкуренција. Севкупен победник на 29.тите спортски игри и средби со вкупно 21 бод беше Синдикалната организација при Град Скопје.

Оваа година како и изминатите години за успешна организација на овие игри, Синдикатот на УПОЗ со спонзорство беше поддржан од Халк Банка и Кожуфчанка АД Кавадарци која обезбеди производи од својот асортиман.

Наредните два дена, беа одржани натпреварите во поединечна и екипна конкуренција по утврдени термини а игрите поминаа во спортска и  фер атмосфера.

За да присуствуваат што поголем број членови на Синдикатот кои сакаат да учествуваат на спортските игри, Синдикатот на УПОЗ и оваа година додели досега најголем износ од 610.000,00 денари а средствата ги искористија СО при Агенцијата за катастар на недвижности, СО при Основниот суд Куманово, СО при Општина Виница, СО при КПУ Затвор Штип, СО при Министерството за финансии, СО при Општина Струмица и СО при Фонд ПИОМ.

Третата и завршна вечер, беше резервирана за доделување на најдобрите по дисциплини, беа обезбедени пехари и дипломи што преставуваше врв на тридневните натпреварувања, дружења и забава.

Врз основа на искажувањата и впечатоците на учесниците, можеме да констатираме дека имавме уште едни успешни спортски игри и средби.

Денес вработените во Фондот за здравственото осигурување излегоа на протест за да ја запознаат јавноста со последните случување во Управниот одбор при Фондот за здравствено осигурување.

Имено, во петокот на 26.04.2024 (петок), по пауза повеќе од еден месец се одржа седница на Управниот одбор на која очекувавме да се донесат одлуки за усогласување на платите на 830 вработени согласно растот на минималната плата, и уште поважно да се донесе одлука со која ќе се потврди сегашната вредност на бодот за платите на вработените.

За жал, на оваа седница на Управниот одбор се донеле сите одлуки по сите точки на дневниот ред, а кога почнала да се дискутира точката за вработените истата се одложила и тоа не за ден – два, туку по завршување на изборите.

Ваквото постапување на Управниот одбор значи дека:

1. вработените во Фондот за здравствено осигурување НЕМА ДА ДОБИЈАТ УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ СО ПОРАСТОТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И,

2. ПОСЛЕ 31.05.2024 ГОДИНА, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТА ПОМАЛА ЗА 15%.

Да ве потсетам дека во месец февруари оваа година Синдикатот на УПОЗ организираше штрајк во ФЗО токму поради тоа што некој сакаше да ги намали платите на вработените. Но очигледно е дека и покрај одржаниот штрајк и покрај сите укажувања до раководството на ФЗО наместо проблемот да се реши истиот се стави под тепих за да на крај да се закаже задоцнета седница на управниот одбор и прашањето кое од животна егзистенција за вработените да се одлага по завршување на изборите.

Затоа, сакам да ги повикам сите надлежни органи да си го загреат столчето и да изнајдат решение за овој проблем бидејќи истиот не е од вчера.

Ги повикуваме раководството на ФЗОМ и управниот одбор да закажат итна седница на која ќе се донесат одлуки и за усогласување на платата и за зачувување на сегашните плати на вработените.

Ја повикуваме и Владата да си ги заврши преземените обврски, и да даде препорака за утврдување на сегашната вредност на бодот и по месец мај 2024 година.

Доколку не се реализираат барањата на Синдикалната организација при ФЗОМ односно не биде усогласена платата со минималната плата, не биде утврдена вредноста на бодот за платите од месец јуни и не се назначи ново Управен одбор, од 01.06.2024 година, вработените во Фондот ќе го активираат повторно ШТРАЈКОТ кој е ставен во мирување од месец февруари.  

Од 10.03 до 12.03.2024 година, во Љубљана (Словенија) се спроведоа дел од активностите на проектот “Trade Unions – New Impetus for Youth Participation”. Домаќин на оваа фаза од проектот беше Синдикатот Млади Плус кој угости 30 млади синдикални активисти од Македонија, Србија, Турција и Грција, а беше домаќин и нашите неформални партнери од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Домаќините, ги запознаа учесниците од партнерските организации со добрите практики, но и со начинот на кој како Синдикатот Млади Плус ги организира своите членови до 35 годишна возраст како ги застапуваат своите членови и кои се проблемите со кои се соочуваат членовите на синдикатот Млади Плус.

Исто така во склоп на оваа посета, беше одржана и средба со релевантни партнери на Синдикатот Млади Плус, а учесниците беа запознаени со соработката кои тие ја имаат меѓусебно.
Како задачи и заклучоци кои беа договорени на оваа средба се сите учесници, во склоп на своите работни организации да ги запознаат младите членови во нивните синдикати со начинот на делување на Синдикатот Млади Плус, но и со проблемите со кои се соочуваат младите членови на Синдикатот во Словенија.

Следна активност од овој проект е голема кампања насловена: "Trade Unions are IN - get involved, influence, act", за која ќе бидат изработени видео спотови со пораки до младите.

Проектот “Trade Unions – New Impetus for Youth Participation” го координира Синдикатот на УПОЗ од Македонија, а се реализира со поддршка на Европската комисија преку Програмата Еразмус + КА3 – European Youth Together.