Со големо задоволство го најавуваме новиот проект – "Trade Union - new voice for louder youth", кој е поддржан преку Ерасмус + програмата, Key Action 3 - "European Youth Together", и ќе се имплементира во период од две години, започнувајќи од декември 2025 година.

Овој проект претставува продолжување и проширување на претходната соработка помеѓу актерите од младинскиот, синдикалниот и образовниот сектор, обединувајќи структури од Македонија, Србија, Хрватска, Турција, Романија, Литванија и Словенија, под координација на Синдикатот на УПОЗ.

Како идни лидери, младите ја држат клучната улога во креирање на поправедно, поеднакво и поодржливо општество. Сепак, многумина од нив сè уште немаат доволно знаење, вештини и можности за целосно да се вклучат во тие процеси. Затоа, овој 24-месечен проект, кој вклучува 11 партнери од седум земји, има за цел да ги оспособи младите синдикални членови и да ја поттикне нивната активна улога во процесите на одлучување и во синдикатите и во општеството во целина.

Проектот има за цел да го зголеми учеството на младите во синдикалните структури преку истражување на потребите на младите активисти, развој и тестирање на тематска едукативна програма што ќе им обезбеди знаење, информации и вештини, зајакнување на соработка и вмрежување меѓу младите синдикални активисти преку создавање европска платформа за размена на знаење и соработка, подобрување на видливоста и атрактивноста на синдикатите за младите преку современи комуникациски стратегии, користење дигитални алатки и онлајн кампања што ќе опфати најмалку 700.000 луѓе.

Активностите на проектот ќе опфатат истражување на потребите на младите во синдикатите, работа на експертски групи за развој на универзална едукативна програма за градење капацитети на младите синдикални активисти, реализација на една меѓународна и шест национални синдикални академии, развој на интерактивна веб-платформа како алатка за едукативна поддршка, како и серија средби со Европската федерација на синдикати на јавни служби (ЕПСУ) за застапување институционализација на програмата. Проектот исто така ќе вклучи и широка онлајн кампања со цел зголемување на видливоста на синдикатите меѓу младите луѓе.

Го најавуваме дека иницијалниот состанок на проектниот тим ќе се одржи во месец декември во Скопје, со што ќе се означи официјалниот почеток на оваа значајна европска иницијатива посветена на оспособување на младите и зајакнување на нивната улога во синдикатите и општеството.

rsz 1copy of copy of tuac2026

 

Согласно Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ, 269 членови на синдикатот од повеќе од 80 синдикални организации реализира финансиска помош во вкупен износ од 1.076.000,00 денари

Правото на парична помош за прваче е воведено во 2014 година, а од тогаш па заклучно со 11 ноември 2025 година, реализирани се вкупно 2.314 барања, а на членовите им е исплатена неповратна парична помош на во износ од 7.211.000,00 денари.

Ги повикуваме членовите на Синдикатот на УПОЗ редовно да ги користат сите права и можности кои им ги дава Солидиарниот фонд на Синдикатот.

Вториот ден од работилницата на секцијата на млади на Синдикатот на УПОЗ е во полн ек!

Денес зборуваме за две супер важни теми:

Синдикална минимална кошница: Зошто е важна за твојот новчаник и како се бориме за плата што покрива повеќе од основните трошоци?

Општ колективен договор за јавен сектор: Ја анализираме новата методологија за плата со која секој вработен во администрацијата и правосидството треба да добие покачување на платата.
Колку подобро ги разбираме овие алатки, толку сме посилни во нашата мисија да регрутираме нови членови и заедно да се избориме за подобра иднина!

20 вредни членови секцијата на млади на Синдикaтот на УПОЗ денес работат на жешки теми: Како да го направиме Синдикатот на УПОЗ уште попривлечен за младите и кои се идеите што ќе ја обликуваат нашата иднина?