На ден 13.01.2026 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 35. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ.

По основ парична помош за боледување беа поднесени седум барања во вкупен износ од 51.100,00 денари. По основ парична помош за лекување беа релаизирани вкупно три барања во вкупен износ од 28.900,00 денари. Едно барање беше реализирано по основ пензионирање во износ од 3.000,00 денари и шест барања за парична помош за исклучителни случаи во вкупен износ од 36.000,00 денари. На оваа седница беше одобрена една позајмица за лекување во износ од 40.000,00 денари и две позајмици (по друг основ) во вкупен износ од 60.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 09.12.2025 до 13.01.2026 година, согласно Правилникот за Солидарен фонд, беа одобрени и исплатени вкупно 26 барања по следниве основи:

  • Парична помош за новороденче – 11 барања во износ од 44.000,00 денари;
    • Парична помош за пензионирање – едно барање во износ од 3.000,00 денари;
    • Парична помош за прваче – две барања во износ од 8.000,00 денари;
    • Парична помош за лекување – едно барања во износ од 15.000,00 денари;
    • Парична помош за смрт на член на Фондот – три барања во износ од 60.000,00 денари;
    • Парична помош за боледување – едно барање во износ од 6.100,00 денари
    • Парична позајмица по друг основ – едно барање во износ од 40.000 денари;
    • Парична позајмица без основ – шест барања во износ од 90.000,00 денари.

Комисијата и понатаму ќе продолжи активно да ги помага членовите на Синдикатот на УПОЗ, преку навремено разгледување и одобрување на поднесените барања согласно Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ.

Денес со задоволство го најавуваме започнувањето на новиот Европски проект насловен Trade Union – New voice for louder youth, чија цел е да создаде нова генерација млади синдикални лидери и да им обезбеди алатки за активно учество во креирањето на поправедно, порамноправно и одржливо општество.

Младите се носители на промените, но многумина од нив сè уште немаат доволно знаење, вештини и можности за целосно вклучување во овие процеси. Токму затоа, во наредните 24 месеци, Синдикатот на УПОЗ како координатор а преку партнерство на 11 организации од младинскиот, синдикалниот, образовниот и истражувачкиот сектор од 7 европски земји, ќе работиме на надминување на овој јаз.

Проектот има јасна мисија — да ги оспособи младите синдикални членови да станат активни учесници во донесувањето одлуки, и во синдикатите и во општеството.
А во таа насока, поставени се три клучни цели:
1. Подобрување на младинското учество во синдикатите
– преку истражување за потребите на младите,
– формирање експертска група,
– и воспоставување и тестирање на структурирана образовна програма преку синдикалните академии.

2. Зајакнување на прекуграничната соработка и мрежата на млади синдикални активисти
Во почетната фаза, директно ќе бидат вклучени 7 синдикати и повеќе од 200 млади активисти, со цел создавање единствена европска платформа за размена на знаења и искуства.

3. Подигнување на видливоста и атрактивноста на синдикатите кај младите
– преку модернизација на комуникациските стратегии,
– користење дигитални алатки,
– и силна медиумска кампања која се очекува да допре до најмалку 700.000 граѓани.

Во рамките на проектот ќе се спроведат повеќе активности:
истражување за потребите на младите во синдикатите; развој на универзална образовна програма; имплементација на една заедничка и шест национални синдикални академии; развој на интерактивна веб-платформа; средби со Европската федерација на синдикати на јавните служби (EPSU) за институционализација на програмата; како и сеопфатна онлајн кампања за подобра видливост на синдикатите во заедницата.

Со овој проект, испраќаме силна порака дека младите се не само иднината, туку и сегашноста на синдикалното движење.

На 09.12.2025 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 34. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот по поднесените барања на ден 09.12.2025 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 34. седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени девет барања во вкупен износ од 66.200,00 денари. По основ парична помош за лекување беа релаизирани вкупно три барања во вкупен износ од 23.400,00 денари. Едно барање беше реализирано по основ пензионирање во износ од 3.000,00 денари, и едно барање по основ елементарна непогода во вкупен износ од 30.000 денари. На оваа седница беше одобрена една позајмица за школување во износ од 40.000,00 денари и една позајмица (по друг основ) во вкупен износ од 20.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 13.11 до 09.12.2025 година, согласно Правилникот за Солидарен фонд, беа одобрени и исплатени вкупно 53 барања по следниве основи:
• Парична помош за новороденче – едно барање во износ од 4.000,00 денари;
• Парична помош за пензионирање – четири барања во износ од 12.000,00 денари;
• Парична помош за прваче – седум барања во износ од 28.000,00 денари;
• Парична помош за лекување – четири барања во износ од 75.830,00 денари;
• Парична помош за смрт на член на Фондот – едно барање во износ од 20.000,00 денари;
• Парична помош за исклучителни случаи – две барања во износ од 12.000,00 денари
• Парична позајмица по друг основ – едно барање во износ од 40.000 денари;
• Парична позајмица без основ – шест барања во износ од 84.000,00 денари.
• Парична позајмица – 18 барања во износ од 273.000,00 денари.

Комисијата и понатаму ќе продолжи активно да ги помага членовите на Синдикатот на УПОЗ, преку навремено разгледување и одобрување на поднесените барања согласно Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ.

Пристигна пресудата за случајот во Центарот за социјални работи во Тетово кој минатата недела беше објавен во за жал само еден медиум.

Колку повеќе ја читаме пресудата толку останува впечатокот дека во оваа постапка Судот е адвокат на тужениот, а не орган кој треба да обезбеди владеење на правото, да ја дели правдата и да ги заштити основните човекови права и слободи.

Во пресудата, судот заклучил дека за да се смета едно однесување како психичко вознемирување, тоа треба да биде континуирано и систематско, “насочено кон една личност за точно определена цел” – услов кој не е пропишан во ниту еден закон или правен акт, што води кон заклучокот дека судот пристапува кон своеволно креирање на правни норми и нивно применување во нечиј интерес.

Во образложението, судот додава дека не постои вознемирување бидејќи работничката „не била дисциплински казнета, ниту се повела постапка против неа, ниту ѝ биле загрозени права кои ѝ следуваат по закон“, и дека „немало закани за отказ или преместување против нејзина волја“.
Според судот, заканата за преместување на работното место, не се смета за вознемирување, бидејќи зборовите биле упатени и кон други колешки. (?)

Воедно, судот во пресудата потврди дека фактот што работничката била избркана од канцеларијата, претставува „инцидентно однесување”.

Наместо да биде разгледано со сериозна институционална чувствителност, тужбеното барање на социјална работничка за забрана за вознемирување на работното место е ОДБИЕНО КАКО НЕОСНОВАНО, оставајќи уште една жртва сама во лавиринтот на институционалната негрижа.

Со оваа пресуда, работничката не само што стана жртва на мобинг, туку е изложена и на двојна виктимизација од страна на судот, кој треба да ја заштити.

Овој случај не е изолиран, туку е јасен симптом на поширок проблем: култура на неказнивост, во која заканите, навредите и злоупотребата на моќ се третираат како „инцидент“ наместо како сериозно прекршување на работничките права и човековото достоинство.

Јавните институции, кои треба да бидат пример за хумано постапување, се средини каде што хиерархијата е поважна од човековото достоинство, а одредени индивидуи се штитени со бетонски ѕид од политички и институционални врски.

Кога институциите потврдуваат дека „нема мобинг“ во услови каде што работничка пријавува долгогодишно систематско вознемирување и понижување, тоа е јасна порака дека СИСТЕМОТ ШТИТИ НАСИЛСТВО.

Во држава каде што работниците се оставени без реални механизми за заштита, системот наместо да создава безбедна работна средина, го нормализира насилството под превезот на „авторитет“ и „дисциплина“.

Наместо да се прашуваме дали има мобинг, треба да се прашаме уште колку жртви ќе замолчат за да не го изгубат работното место?!

За судот, Законот за заштита од вознемирување на работно место е само мртво слово на хартија и уште еднаш се покажа дека истиот не обезбедува вистинска заштита за работничките кои се соочуваат со вознемирување на работното место.

Нашата членка, работничка која јавно проговори за понижување и недолично однесување на работното место, не доби институционална поддршка каква што заслужува секој работник. Оваа пресуда го потврди она што сите го знаеме:
Судот ги штити насилниците, а не жртвите.

Синдикатот на УПОЗ остро го осудува секој облик на вознемирување врз жените. Овој случај не е само прекршување на работничките права, ова е системско малтретирање и понижување на жена, кое не смее да се толерира.

Синдикатот на УПОЗ ќе ги преземе сите достапни механизми за заштита на работничките, ќе бара санкционирање на секој облик на мобинг и злоупотреба на моќта и воспоставување механизми што ќе гарантираат дека работничките ќе бидат слушнати, заштитени и поддржани.

Статистика

  • Корисници 2
  • Артикли 458
  • Посети на артикли 957304

Онлајн

Имаме присутни 73 гости и нема членови