На уште една во низата средби со министерката за правда Рената Дескоска чекор по чекор ги затвораме отворените прашања. Во нашиот фокус проблемите во правосудството: судовите, јавните обвинителства и Казнено поправните установи.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ, остварија уште една средба во низата со министерката за правда Рената Дескоска на која се разговараше за проблемите во правосудството: судовите, јавните обвинителства и казнено поправните установи, со цел да се потенцираат уште еднаш барањата на синдикатот. 

Во таа насока, Синдикатот на УПОЗ ја искористи можноста да побара побрзо решавање на отворените проблеми и договор за нивна реализација, но и учество на синдикатот во донесувањето на сите акти кои се значајни за вработените во правосудниот систем.

Беше активирано прашањето со измена на Законот за судски службеници со што на вработените во судовите ќе им се реши нивниот работно правен статус бидејќи сегашното решение не нуди сигурна позиција во работниот однос. За проблемите на вработените во судовите е оставено да решава Судскиот Совет, кој најчесто се прогласува за ненадлежен, што, пак од друга страна резултира со  многу протести во судовите.

Токму затоа, Синдикатот на УПОЗ на средбата потворно го потенцираше барањето кое го протежира, а тоа е дека во измените на Законот потребно е да се предвиди  посебно тело што ќе се грижи за вработените и нивниот работно правен статус, платите, додатоците, со непосредно учество во работата на Судскиот буџет, како и учество на претставници на синдикатот во Советот на судската служба. Истото ова барање се однесува и на Судскиот буџеткси совет. Синдикаот смета дека само на тој начин може да влијае во подобрување на позицијата во судската служба и во остварување на нивните барања и права кои им следуваат.

Во надлежност на Министерството за правда е донесувањето на Правилникот за додатоци на судската полиција за кој со години наназад се разговара и оваа средба беше уште една можност да се укаже на важноста од донесувањето на овој документ. Правилникот е во завршна фаза, и е доставен на разгледување  до Министерството за правда и до Министерството за финансии. Се очекува  негово разгледување и одобрување од страна на Министерството за финансии. И министерката Дескоска очекува позитивен одговор од Министерството за финансии, по што конечно и судската полиција ќе може да го остварува ова право.

Се  поразговара и на тема Буџет на правосудството и се постави прашањето дали со Буџетот ќе бидат предвидени само материјалните средства или се предвидени и покачувања на платите, при што начелно е договорено да се разговара во врска со ова прашање со Министерството за финансии.

Во однос на вработените во јавно обвинителската служба, Синдикатот на УПОЗ  од страна на министерката Рената Дескоска побарано најитно донесување на Правилниците со кои се регулираат одредени позиции во јавно обвинителската служба. Министерката се заложи тој процес да се интензивира и тие во најбрз можен рок да се донесат. Беше разговарано за можноста од нови вработувања, за додатоците на плата и посебно за додатоци кои следуваат со закон до 30 %, а довбиваат само 5% и тоа е ураниловка што за синдикатот е неприфатлива.  Дескоска вети дека ќе се посвети и на овие барања и во наредниот период ќе се донеат измените на законот.

Синдикатот го постави и прашањето за натамошното функционирање на Бирото за судски вештачења со оглед на тоа што во јавноста се појавија одредени информации дека Бирото ќе биде укинато. Министерката смета дека ова Биро треба да продолжи да функционира на начинот на кој функционирало и досега.

На крајот на средбата Синдикатот на УПОЗ побара интезивирање на преговорите за Колективни договори за вработените во Казнено поправните установи и Воспитно поправните домови.

„Побаравме во делот на судовите за судската служба еден поинаков статус во Законот за судска служба со кој ќе се решат многу проблеми и веќе судските службеници да си го добиваат она што го заслужуваат, не само како плата, како парична награда, туку и како позиција и како статус бидејќи со сегашниве законски решенија судските службеници се ни на небо ни на земја. Верувам дека наскоро и судската полиција ќе го добие она што им следува законски како додаток до 20 посто изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски за медиумите.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) останува посветен на затворање на отворените прашања во интерес на вработените и за подобрување на нивниот статус.

Засилените активности на Синдикатоот на УПОЗ ќе резултираат со попишување на повеќе Посебни договори на ниво на работодавач

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) е во засилена активност и со задоволство може да констатираме дека претстои период кога досегашната напорна работа и лобирање ќе се финализира со потпишување на повеќе Колективни договори, односно Посебни договори на ниво работодавач, кои имаат разбирање за нашите барања.

 Синдикатот на УПОЗ е во преговори со повеќе работодавачи, со дел од нив веќе сме пред потпишување на Посебни договори. Списокот е поголем, па така се очекува потпишување на договори со:

  • Агенцијата за катастар на недвижности;
  • Дирекцијата за заштита и спасување;
  • Службен весник на РСМ;
  • Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • Општина Гази Баба;
  • Општина Свети Николе;
  • Фонд за здравствено осигурување.

 Веќе следните денови, поточно на 22.10.2019 година ќе се потпише Посебниот договор на ниво на работодавач со Агенцијата за катастар на недвижности а во пет други Општини, пак се отпочнати активности околу утврдување на текстовите на колективните договри.  

Исто така, Синдикатот на УПОЗ по одржаната средба со Министерството за информатичко општетство и админситрација (МИОА) ги приближи ставовите околу различните гледања по одредени прашања во Гранскиот Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата, да бидат преточени во конечно ставање на потпис на овој значаен документ.

Кон крајот на овој, или во почетокот на идниот месец ќе се одржи и Годишната конференција на Синдикатот на УПОЗ на кој на дневен ред покрај другото ќе се најдат и активностите поврзани со потпишувањето на Колективни договори на ниво на работодавач, односно, нивниот статус, до каде се преговорите, кои се отворените прашања во преговорите, проблемите, но и начините за полесно надминување на овие фази.

Синдикатот на УПОЗ е упорен и нема да застане ниту да се откаже се додека не се потпишат повеќе Колективни договори на ниво на работодавач, со сите засегнати страни се со цел подобрување на правата на членовите на Синдикатот. Во оваа наша активност очекуваме поддршка и од наши членови, но и нивен придонес кон поквалитетни решенија на текстовите на колективните договри.

Вчера во Министерството за информатичко општество и администрација продолжија преговорите за Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата. Синдикатот на УПОЗ и МИОА се на добар пат да постигнат договор за последните спорни прашања: за регресот за годишен одмор, исплатата на дневници за службени патувања во земјата, како и за јубилејните награди.

Продолжението на преговорите меѓу претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) со преставниците на Министерството за информатичко општество и администрација, а во врска спорните прашања од Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата, даваат надеж дека наскоро треба да се постигне согласност и да се потпише Колективниот договор.

 На средбата се разговараше за регресот за годишен одмор, односно популарниот К-15, како и за исплата на дневници за службени патувања во земјата, но и за јубилејните награди како право за членовите на Синдикатот.

Впечатокот е дека работите во врска со овие неколку спорни прашања се придвижуваат во позитивна насока. Неодминлив дел од преговорите е и прашањето за кого сѐ ќе важи новиот Колективен договор. Претставниците на Синдикатот на УПОЗ останаа на претходно искажаниот став и уште еднаш потенциираа дека инсистираат Колективниот договор да важи само за членовите на Синдикатот или одредено право да го имаат само тие.

Во врска со преговорите околу спорните прашања за регрес, дневници и јубилејни награди УПОЗ потенцира дека не бара ништо повеќе од она што е веќе загарантирано право на вработените во приватниот сектор, односно дека бара само изедначување на правата за сите вработени во државава и заради тоа очекува дека ќе наиде на разбирање од Владата.

Во таа насока, поставена е рамка на продолжување на преговорите при што договорена е средба за идната недела на ниво на работни групи меѓу претставници на Синдикатот и на МИОА. Целта ќе биде доусогласување на ставовите, по што е договорено на крајот на месецот заедничка средба со премиерот и надлежните министри во Владата каде што на заедничка маса и на највисоко ниво ќе се прецизираат износите на регресот, дневниците и јубилејните награди.

Синдикатот на УПОЗ конечно очекува дека во најскоро време ќе се потпише Колективниот договор и доколку се потпише тој ќе биде прв грански Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата после 1995 година. Во него е предвидено да се добијат и голем број други права кои на државните службеници со години наназад им беа ускратувани.

Кои се моделите за кои се размислува, дали воопшто ќе се спроведат, кои се ставовите на засегнатите страни, Синдикатот, работодавачите и Влдата.

На оваа тема во Економскиот магазин дебатираа Генералниот Секретар на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Билјана Николовска Жагар од Министерството за информатичко општество и администарција и Ангел Димитров од Организација на работодавачите.