• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

САМО ЗАДОВОЛЕН РАБОТНИК, МОЖЕ ДА БИДЕ ПРОДУКТИВЕН РАБОТНИК

03.12.2019 година

Prava u radu rad na pravima 4

Дали сте запознаени за Вашите работнички права“ беше прашањето на Online прашалникот спроведен во рамки на меѓународниот проект ПРАВА НА РАБОТА, РАБОТА ЗА ПРАВАподдржан од Erasmusпрограма на Европската Унија: KA2 - Capacity Building in the Field of Youth/Western Balkan Window, чија што главна цел беше да ја провери информираноста на младите работници за нивните права од работен однос и да го зголеми користењето на овие права. Прашалникот го пополнуваа над 1000 административни службеници до 35 годишна возраст од четири земји учеснички во проектот; Србија, Црна Гора,  Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Добиените резултати и нивната содржина е интересна за анализа, а во исто време ги дава и насоките по кои треба да делува во иднина синдикатот кога се во прашање младите работници. Ќе послужи и како поткрепа за едукација и кампања за подигање на свеста за потребите и проблемите на младите во нивното работно опкружување, со цел запознавање и поддршка на младите работници во Македонија и унапредување на работниот стандард на младите.

Повеќе...

ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ "ПРАВА НА РАБОТА, РАБОТАТА ЗА ПРАВАТА"

02.12.2019 година

family photo

На 29.11.2019 година, во Београд се одржа завршната конференција на проектот Права на работа, работат за правата на кој учество зедоа 10 партнери од шест држави од регионот и Европската унија. Во периодот од декември 2018 година до декември 2019 година членовите на конзорциумот на овој проектот, реализираа голем број на активности насочени кон информирање и едукација на младите вработени за правата од работен однос, како и за појавите со кои се соочуваат но и достапните механизми за заштита.

Повеќе...

ПИСМЕНО ОБРАЌАЊЕ ДО ПРЕТСЕАДТЕЛОТ НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ ПО ОДРЖАНИОТ ПРОТЕСТ

20.11.2019 година

Синдикатот на УПОЗ денес се обрати до претседателот на Судскиот буџетски совет Киро Здравев кое го пренесуваме во целост: 

"Синдикатот на УПОЗ, заедно со Здружението на судската администрација (ЗСА), поттикнати од незадоволството на вработените во Судската служба, заради нецелосната и селективна исплата на вработените кои штрајкуваа во судовите во 2016 година а за кои се обезбедени средства, како и од одлуките за додатоци на плата и нееднаков третман на вработените за месеците септември и октомври, на ден 15.11.2019 година, одржаа протест пред судовите во РСМ, во траење од 09.30 – 11.00 часот.

Имајќи го во предвид и ценејќи го Вашето досегашно залагање и ангажираност околу исплатата на вработените кои штрајкуваа во 2016 година, сметаве со целосна исплата тој процес ќе го заокружиме до крајот на оваа година, како и исплата на додатоците на плата и ќе имаме малку порелаксирана атмосфера во судовите која ќе ни овозможи со дијалог и разбирање да дојдеме до ново решение за статусот на Судската служба во која треба да влезат сите вработени.

Повеќе...

РЕАКЦИЈА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ПО ОДРЖАНИОТ ПРОТЕСТ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

20.11.2019 година

Денес, Синдикатот на УПОЗ писмено се обрати до Министерката за правда Рената Дескоска, во врска со одржаниот протест на 15.11.2019 година во сите судови во Р.Северна Македонија, кое го пренесуваме во целост:

"Синдикатот на УПОЗ, заедно со Здружението на судската администрација, поттикнати од незадоволството на вработените во Судската служба, заради нецелосната и селективна исплата на вработени кои штрајкуваа во судовите во 2016 година а за кои се обезбедени средства, како и од одлуките за додатоци на плата и нееднаков третман на вработените за месеците септември и октомври, на ден 15.11.2019 година, одржаа протест пред судовите во РСМ, во траење од 09.30 – 11.00 часот.

Повеќе...