На 10.12.2021 година, во Скопје, ќе се одржи 8-от Конгрес на Синдикатот на УПОЗ, на кој ќе бидат избрани нови органи и тела на Синдикатот на УПОЗ. Како единствен кандидат за Претседател на Синдикатот на УПОЗ, Претседателството на Синдикатот на УПОЗ на седницата од 30.11.2021 година го утврди Трпе Даноски, и предлогот за негов избор ќе биде доставен до делегатите на 8-от Конгрес на изјаснување.

На 28-мата седница Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, беше донесена Одлука за распишување на изборните активности во синдикалните организации и Синдикатот на УПОЗ и беше донесено Упатство за спроведување на изборните активности. Изборните активности во синдикалните организации се одржаа во период од 25.10.2021 година до 30.11.2021 година.

Заради на здравствената криза која ја зафати и нашата држава, изборните активности во синдикалните организации и Синдикатот на УПОЗ, беа одложени на одреден период односно, се додека не се создадат услови за нивно реализирање, со одлука на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ од 23-тата седница.

На Конгресот ќе се работи по дневниот ред на кој ќе биде усвоен Деловникот за работа на Конгресот, ќе биде избран Претседател на Синдикатот а ќе бидат избрани и членови на Надзорниот одбор и нивни заменици, ќе биде усвоена Прелог – листа за бројот и составот на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, Предлог – Извештај за работата на Синдикатот на УПОЗ помеѓу 7.Собрание и 8.Конгрес, Предлог – Измени и дополнување на Статутот на Синдикатот на УПОЗ и Предлог – Програмски активности за периодот 2021 – 2026 година.

Повеќе инфомрации за текот и работата на Осмиот Конгрес, ќе следат по неговот одржување.

На 07.12.2021 година, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективниот договор за вработените во Центарот за стручно образование и обуки со кој дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.

На 07.12.2021 година, Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при општина Центарот за стручно образование и обуки, претставувани од Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Билјана Апостоловска од една страна и Директорот на Центарот за стручно образование и обуки Шериф Мифтари го потпишаа Колективниот договор за вработените во Центарот за стручно образование и обуки.

Оваа активност е уште еден показател дека Синдикатот на УПОЗ и натаму продолжува со активностите за склучување на колективни договори на ниво на работодавач. Потпишувањето на овој Колективен договор е посебно значаен што Синдикалната организација при Центарот за стручно образование и обуки кон Синдикатот на УПОЗ е новоформирана (пред два месеци) и Колективниот договор е прва и најзначајна активност на синдикалната организација. Колективниот договор за вработените во Центарот за стручно образование и обуки содржи одредби со кои се подобруваат правата на вработените и нивата положба.

Во периодот кој следи, ќе бидат потпишани уште неколку колективни договори кои се во завршна фаза, со што ќе се унапредат правата од работен однос.

Синдикатот на УПОЗ денеска се обрати со барање до Владата и Комисијата за заштита на населението и укажа дека предложените мерки се спротивни на уставот и побара изнаоѓање поинакво решение.

Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека Комисијата за заштита на населението од заразни болести со консензус одлучила да ѝ предложи на владата новата мерка, која ќе ги мотивира вработените во јавниот сектор да се вакцинираат или задолжително да се тестираат на секои 72 часа. За влез на работното место, освен сертификат за вакцинација за примена најмалку една доза, ќе може да се користи и сертификат за прележан ковид-19, како и негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

Сметаме дека ваквата предлог мерка на Комисијата за заштита на населението е против уставна, спротивна на позитивните законски норми, меѓународните конвенции за заштита на човековите права и слободи и препораките на Обединетите нации. Она што посебно не загрижува е тоа што ваквата предложена мерка директно задира во финансиската моќ на вработените, и уште повеќе ја загрозува и онака малата економско – материјална состојба на вработените.

Согласно членот 1 од Уставот е предвидено дека Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.  А во преамбулата на Уставот е наведено дека потребно е да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот и да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи.

Во членот 32 од Уставот на Р. С. Македонија е предвидено дека : „Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привреамена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место, а  секој вработен има право на соодветна заработувачка„.

Нашето мислење е дека доколку Владата реши да ја прифати ваквата предлог мерка од Комисијата за заштита на населението, ќе ги прекрши темелните вредности на кои е поставен Уставот. Доколку вработените бидат спречени да се појават на работа поради немање на сертификат или ПЦР тест се отвара можност за прекин на работниот однос на вработените или поведување на дисциплински постапки и парични казни. Предложените задолжителни ПЦР тестови на секои 72 часа (3) дена, ќе значат дека вработените ќе мораат да издвојат приближно 20.000,00 денари месечно само за ПЦР тестови, односно ќе мора да ја потрошат целата своја плата за да докажат дека можат да одат на работа.

Од тие причини апелираме при носење на одлука по предложените мерки од Комисијата за заштита на населението, Владата да ги има во предвид уставните и законски одредби, меѓународните конвенции за човекови права и слободи и меѓународните ратификувани договори и апелираме да се изнајдат други начини за да се мотивираат вработените да се вакцинираат.      

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски и Претседателот на Синдикалната организација при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Зоран Димитријоски, денес одржаа работна средба со Директорката м-р Анета Симеска Димоска на која разговараа за повеќе актуелни прашања.

Главно прашање на кое се разговараше на средбата беше потпишување на Колектиен договор за вработените во ДПИ. Ова би бил прв Колективен договор во Државниот пазарен инскеторат со кој конечно ќе се унапредат правата на вработените во ДПИ имајќи ги во предвид спецификите на работните задачи на овие вработени.

Додатоците и надоместоците на плата исто така беа тема на состанокот, а се покрена и прашањето за признавање на високото образование на оние вработени кои се стекнале за време на работниот однос, и согласно закон, нивното работно место да биде вреднувано и систематизирано според образованието со кое се стекнале.

Директорката Анета Симеска Димоска искажа подготвеност овие прашања, во најбрз можен рок да се решат.