Членовите на Синдикатот на УПОЗ преку Солидарниот фонд, со поднесување на целосна документација за остварување на неповратна парична помош за прваче, ќе им биде исплатен износ во висина од 3.000,00 денари. 

Потребни документи за остварување на ова право кое се остварува преку претседателот на синдикалната организација се: 

  • Мислење (го пополнува претседателот на синдикалната организација)
  • Барање (го пополнува членот на Синдикатот) 
  • Потврда за упис во прво одделение; 
  • Копија од извод на родени за детето. 

Сакаме на сите родители, членови на Синдикатот на УПОЗ, да им го честитаме почетокот на основното образование на своите најмили. 

Денес, 25.08.2022 година, во просториите на Општина Кавадарци, беше потпишан Колективениот договор за вработените во Општина Кавадарци, со кој се унапредија правата од работен однос за вработените во локалната самоуправа.

Овој колективен договор беше потпишан од страна на Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Кавадарци Зоран Ифтимов од едната старна и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев од другата страна.

Со овој колективен договор, вработените во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималанта плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено остсуство итн.

“Овој колективен договор од денес па натаму ќе преставува урнек за колективно преговарање за сите општини низ нашата држава кои ќе го отпочнат процесот на колективно договарање. Во него благодарејќи на градоначалникот Јанчев, а воедно и на преговарачкиот тим на синдикалната организација, се предвидоа права со кои вработение во Општина Кавадарци треба уште по мотивирано да ги извршуваат своите работни задачи истакна Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Денес, 24.08.2022 година, во просториите на Општина Петровец, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Петровец. 

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпиша претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Петровец Елена Младеновска од едната старна и Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски од другата страна. 

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Петровец како вработувањето и унапредувањето, платите и надоместоците, регресот за годишен одмор итн. 

Радува фактот што Синдикалната организација при Општина Петровец, самоиницијативно од страна на вработените се формираше во почетокот на месец јули, и по само месец дена се подготви и потпиша текст на Колективен договор. 

Во просториите на Општина Штип, денес беше формирана Синдикална организација при Општина Штип која се приклучи кон Синдикатот на УПОЗ како грански Синдикат. 

На основачкото собрание на кое присуствуваше и претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, од редот на присутните беа избрани органите и телата на синдикалната организација, кои во наредниот период ќе пристапат кон подготовка на колективен договор.